Танкер удрил во историска палата на брегот на Босфор

by Administrator

Танкер кој пловел под знамето на Малта удри во историска палата на брегот на Босфор во Истанбул, предизвикувајќи сообраќајот да биде суспендиран во двете насоки.

Извештај за можните жртви и материјална штета, за сега, нема, но сцената од инцидентот покажува огромна штета во историската палата, која се наоѓа под мостот на Султан Мехмет. Мостот ги поврзува европските и азиските страни на Истанбул.

Палатата Hekimbasi Salih Efendi е изградена во 18 век и во неа редовно се одржуваа концерти и свадби.

 

You may also like

Leave a Comment