СОМАЛИЈА: Експлозија пред претседателската палата, убиени 18 лица

by Administrator

Најмалку 18 лица загинале, а десетина бил повредени во две силни експлозии во сомалискиот главен град Могадишу.

Еден од нападите се случи на портата на претседателската палата, додека другиот се случил во близина на зградата на државната разузнавачка агенција, објави Би-Би-Си.

Властите објавија дека пет напаѓачи биле убиени во размена на оган.

Одговорноста ја презела  милитантната група Ал Шабаб, која се противи на сомалиската влада која ја подржува ОН.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

You may also like

Leave a Comment