Силен земјотрес го погоди Иран: Повредени најмалку 76 лица

by Administrator

Најмалку 76 лица се повредени во силен земјотрес што го погоди градот Сисахт во југозападниот Иран, објавија државните медиуми.

Земјотрес со јачина од 5,3 степени регистриран е ова утро и предизвикал големи оштетувања на предмети во градот кој се наоѓа на околу 160 километри северозападно од Шираз.

Минатата година, во ноември во земјотресот во западниот дел на Иран, 620 лица загинаа, а илјадници беа повредени.

Извор:faktor

You may also like

Leave a Comment