САУДИСКА АРАБИЈА: Во антикорупциската акција, запленото 100 милијарди долари

by Administrator

Саудиска Арабија договорила заплена на повеќе од 100 милијарди долари во антикорупциска кампања спроведена против бизнисмените и функционерите во текот на изминатите два месеца, објави државниот обвинител, пренесува Ројтерс.

– Проценетата вредност на постигнтаите договори за враќање на средствата на државата изнесува 106 милијарди долари, и таа вклучува разни видови на вредност од недвижен имот, компании, акции на готовина, – изјавил главниот обвинител Шеик Сауд Ал Мојеб. Голем дел од заплената ќе ја зајакнат државната власт која ги претрпе последици заради ниската цена на нафтата.

Ова е, исто така, и големата политичка победа на принцот Мохамед бин Салман, кој ја започна акција против некои од најбогатите Саудијци, обвинувајќи ги за перење пари, корупција и криминал.

Повеќето од нив биле испрашувани во хотелот Риц-Карлтон, по што најчесто ја прифаќале нагодбата со враќање на некои астрономски заработувачки. Во истрагата биле вклучени 381 луѓе, од кои 56 лица одбиле нагодба и сеуште се наоѓаат во притвор, а некои ќе завршат на суд. Повеќе од 100 од нив веќе се ослободени, вклучувајќи го и милијардерот и инвеститорот принц Алвалид бин Талал.

Извор:Vijesti/Фена

You may also like

Leave a Comment