Саудиска Арабија подготвена да испрати војска во Сирија

by Administrator

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, ја потврди подготвеноста на неговата земја да распореди војници во Сирија, како дел од напорите за стабилизирање на таа земја, објави АФП. “Од почетокот на кризата, ние разговараме со САД за испраќање војници во Сирија”, изјавил Џубеир на конференцијата за новинари со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутеррес.

Неговата изјава била коментар на извештајот на Волстрит журнал во кој се наведува дека американската администрација сака да формира арапска воена коалиција која ќе ги вклучува Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати за да помогне во стабилизирањето на Сирија.

– Тоа не е ништо ново. Ние и на Обама тоа му го предлагавме, изјавил Џубиер.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

You may also like

Leave a Comment