Прозападната опозиција на Ерменија најави почеток на “Шарена револуција“ во земјата

by Administrator

Кој ќе владее во Ерменија, навидум малата и не толку важна земја, за западните земји е прашање од посебно значење, бидејќи со сменувањето на сегашната влада доаѓаат до границите на “мекиот стомак” на Руската Федерација.

Ерменските власти веќе се соочија со обид на започнување на вооружен конфликт во земјата. Во летото 2016 година, пред изборите, кои се оддржаа во пролетта следната година, воените ветерани во Нагорно Карабах, во главниот град на Ерменија, Ереван, упаднаа во зградата на полициската станица и заробија неколку полицајци. Напаѓачите бараа ослободување на Јирар Сефилијан, еден од опозициските политичари и основач на “Новиот ерменски фронт за јавно спасување“.Во нападот, еден полицаец беше убиен, а двајца беа повредени. Вооружените милитанти бараа Ерменците да излезат на улиците и да ги поддржат нивните барања за ослободување на опозициските политичари, за кои се тврдеше дека се неправедно во затвор. Барањето првенствено било поврзано со Јирар Сефилијан, кого властите го обвиниле за организирање граѓански немири, а во јуни 2016 година бил затворен под обвинение за илегално поседување на оружје. Сефилијан остро го критикуваше ерменскиот претседател Серж Саргсјан.

Моментот не беше избран случајно, бидејќи Ерменците во тоа време, по неодамна завршената војна и страдањата, сè уште беа полни со емоции. Бунтот во Ереван е темпирано да влијае на државност на Ерменија, од друга страна пак Нагорно-Карабах, Сефилија ја има подршката од приврзаниците кои сакаат да го одбранат. Таквата ситуација не ја искористи Ерменија, па дури уште помалку Русија, и најверојатно може да ја искористи Азербејџан, која веќе многу години се обидува да ја вклучи Турција во конфликтот.

Вооруженото востание траеше од 17 јули до 31 јули 2016 година, но народот на Ерменија не излезе на улиците, а на крај и вооружени милитанти кои ја презедоа полициската станица во Ереван, се предадоа, а зад себе оставија тројца мртви полицајци и 26 ранети. Бидејќи како ветерани на војната против Азербејџан уживаа репутација меѓу Ерменците, властите на Ерменија ги користеа минималните сили, и на крајот сите пет напаѓачи се предадоа, а 26 демонстранти, кои излегоа на улиците и се приближуваа до зоната на заземената станица беа уапсени.

ФОТО – Напаѓачи во полициската станица во Ерван во летото 2016 година

Napadači u ArmenijiНапаѓачи во Ерменија

Почетокот на “Шарената револуција” во Ерменија

Сега опозицијата на Ерменија го прогласи почетокот на “Шарената револуција” во земјата. Лидерот на опозициските демонстранти во Ерменија тврди дека ги гледа сите знаци на “Шаренатаа револуција” што започна во земјата.

“Во земјата започна револуционерна ситуација. Во градовите Ѓумри, Иџахан, Ванадзор, Капан и Метамор демонстрантите ги блокираат улиците и меѓудржавните патишта. Луѓето не одат на работа и почнаа масовни напади “,

Протестите започнаа бидејќи ерменскиот парламент избра нов премиер на земјата, а владејачката коалиција беше именувана од поранешниот претседател на државата, Серж Саргсјан, чија партија освои 55 отсто од гласовите на претходните избори.

Armenija demonstracije

Опозицијата се обедини со цел да го спречи ова, иако во целост има малку парламентарни места во парламентот од владејачката Републиканска партија Саргсјан, која од вкупно 105 места во парламентот на Ерменија има 58 застапнички места.

Опозициските групи, но не само затоа што се поддржани од прозападни невладини организации, од кои две ги предводат странци, една британка и друга американска државјанка, го блокираа центарот на ерменскиот главен град и протестираа низ улиците.

Говорејќи на францускиот плоштад во Ереван, Никол Пашинијан објави “дека започнува баршунестата, народна и мирна револуција”.

Потсетуваме дека во Ерменија, по реформите во 2015 година, е воспоставен парламентарен систем на влада. Важен дел од власта беше префрлен од претседателската функција во парламентот и премиерот.

Опозицијата смета дека е “неприфатливо” премиер да биде Серж Саргсјан, што би му бил негов трет мандат. Двапати како претседател и сега како премиер.

Меѓу нив, нивните пароли се “борба против режимот и барањата за ослободување на политичките затвореници”.

Нивната главна цел е “да се спроведат радикални реформи и да се врати суверенитетот на Ерменија”. Но, второто барање нема никаква смисла, бидејќи со уништување на владејачката Републиканска партија, со сето што може да и се препише како лошо, земјата прво го изгуби суверенитетот и стана “втора Украина”, со сите последици од текот на “политичкиот курс”.

Важно е да се напомене дека парламентарните избори во земјата се одржаа во 2017 година. Владејачката коалиција предводена од Републиканската партија освои повеќе од 55 отсто од гласовите. Сојузот на Царукианов со 27 отсто влезе во парламентот, и сојузот “Излезок” со помалку од 8 отсто од гласовите. Ерменскиот националистички АРФ доби околу 7%, додека другите партии не го поминаа изборниот праг.

Никол Пашинијан, лидер на политичката алијанса Излезок, го најави почетокот на обоената револуција во Ерменија и промената на владата во земјата, а со тоа и промената во надворешната политика на Ерменија очигледно е намерата на демонстрантите кои учествуваат во “обоената револуција”,уверен е военио експерт и новинар Хаик Нахапетијан.

Демонстрантите во Ерменија ги користат истите методи што се гледаат во сите обоени револуции, а инструкциите објавени од CANVAS можат да се најдат на различни јазици на Интернет или да се дистрибуираат на самото место во форма на брошури.

Според Нахапетијан, “обоените мисионери” бараат поддршка во објективонот и субјективното незадоволство на луѓето. Според експертите, очигледно е дека овие методи се користат во Ерменија.

Воениот аналитичар и новинар рекол дека во Ереван се гледаат слики од Киев, каде една млада девојка бакнува полицаец, како и други кои, заедно со горенаведените слогани и барања, се шират и на социјални мрежи.

“Исто така има летоци, упатства за однесување за време на активностите и правила на заштита од можни репресивни полициски реакции. Овие летоци го имаат истиот текст на различни јазици, на јазиците на трите земји каде што се користат методите на “обоени револуции”, рече Хаик Нахапетијан, што се стари инструкции кои КАНВАС и невладините организации од мрежата на Сорос “Отворено општество“ делат повеќе од 15 години, така кажано,”Булдожер револуција” се одржа во Белград на 5 октомври 2000 година. Подоцна беше одлучено дека името “булдожер” е несоодветно, а следните револуции се нарекуваат “јасмин”, “роза”, “лале”, “кедар”, “портокалова” , дури и “чадор” која се обидувало да се спроведе во Хонг Конг и слично.

На обоената револуција во Ерменија и` се прридружија и женските невладини организации “Женски центар”, предводени од Лара Ахаронилан и “Центарот за поддршка на жените” предводени од невладината организација Маро Матосијан. Сепак, според експертите, г-ѓа Лара Ахаронилан веднаш ќе замине во својата родна земја во Канада, а Маро Матосијан, или според американската верзија на нејзиното име Маро Матосјан, ќе го стори истото, бидејќи таа е државјанин на САД.

“Ние ќе останеме тука, ќе ги заштитиме границите на земјата и ќе ја осигуриме безбедноста на Ерменија”, рекол лидерот на бунтот, Никол Пашинијан, кој,да потсетиме, заедно со неговата партија доби нешто помалку од 8 отсто од гласовите на изборите.

Воен експерт предупредува дека во случај на сериозен бунт, Азербејџан веднаш ќе го искористи и дека водачот на протестот, Никол Пашинијан, треба да размисли за тоа.

“Оние кои сметаат дека водат праведни протестни акции мора да размислат за тоа. Ако Никол Пашинијан се смета себеси за лидер на движењето, тогаш тој греши. Сè е управувано од оние што ги пишуваат овие сценарија, а тие “писатели” не се во Ерменија, а Пашинијан дејствуваат според нивните инструкции “, вели Хаик Нахапетијан.

Тој верува дека странските сили изработиле план за сменување на власта во Ерменија за многу јасна и очигледна причина. Ерменија е сојузник на Русија, која стана главна цел на западните земји.

“Се разбира, извлекувањето на Ерменија надвор од руската зона на влијание е многу пожелно решение за Западот”, вели Хаик Нахапетијан, па од тука Никол Пашинијан го објави почетокот на “обоена револуција” во Ерменија.

Таа ја има целосната поддршка на медиумите како што е Радио Слободна Европа, која емитува и има веб-страница на ерменско писмо и јазик и прозападни невладини организации кои требало да бидат протерани од земјата, но непотребно се одолговлекувало со донесување на конечната одлука, бидејќи властите на земјата сепак сакале да останат во добри односи со Европската унија и Вашингтон.

ВИДЕО – Протест на опозицијата во градот Ѓумри

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=PFRA_z_6YHQ[/embedyt]

Извор:logicno.com

 

You may also like

Leave a Comment