Протест против промена на името се одржа вечерва во Скопје

by Administrator

Во Скопје вечерва се одржа протест за прекинување на преговорите за името. Протестот започна пред ЕУ инфо центарот, а заврши пред Собранието.

Демонстрантите бараат да се стави крај на разговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на Договорот со Бугарија, ослободување на притворените и осудените за насилствата во Собранието на 27 април. Барањата, како што велат, ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието и Владата и до сите странски амбасади во Македонија.

Во првите редови можеше да се забележат и владиците Агатангел и Петар кои одржаа говори пред Собранието.

На протестот демонстранти запалиле грчко знаме.

Опозициската партија ВМРО ДПМНЕ тврди дека нема поврзаност со организацијата на протестот.

Денешниот протест се одржа точно една година од првиот протест на „За заедничка Македонија“.

Извор:НоваТВ

You may also like

Leave a Comment