Сирискиот режим продолжи со бомбардирање на источна Гута

by Administrator

Авионите на Сирискиот режим повторно ја бомбардираа Источна Гута и покрај примирјето најавено од страна на Москва и побарано од Советот за безбедност на ОН. Двајца жители на енклавата за Ројтерс изјавија дека авионите и хеликоптерите гаѓале цивилни цели во областа под контрола на бунтовниците. Обединетите нации објавија дека борбите продолжуваат и покрај тврдењата на Москва дека воспоставено повеќечасовно примирје. Евакуација на повредените не можела да биде извршена.

“Добиваме извештаи за борбите во регионот”, рече портпаролката на ОН Јенс Лаерке.

Стотици цивили загинаа при гранатирањето на Источна Гута само минатата недела.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

You may also like

Leave a Comment