После ерупација на вулкан, серија на силни земјотреси на Хаваи

by Administrator

Серија силни земјотреси го погодија Хаваи еден ден по ерупцијата на вулканот Килауеа.

Еден од тие земјотреси, со јачина од 6,9 по Рихтер кој се случил југоисточно од вулканот, најсилен е кој ја погоди оваа федерална американска држава од 1975 година, јавува Би-Би-Си.

Поради ова, Хаваите накусо останаа без струја, а луѓето избегале од зградите, иако предупредување за цунами не било издадено.

Во меѓувреме, се случија неколку нови ерупции, кои исфрлаа лава до 30 метри височина, уништувајќи неколку домови и правејќи пукнатини на три улици.

Агенцијата за цивилна заштита за сите жители на хавајскиот т.к.н, Големиот остров кој останале им било советувано за евакуација.

Агенцијата соопшти дека во воздухот имало смртоносни количини на опасен сулфур диоксид и дека тимовите за брза помош не би можеле да им помогнат на сите засегнати лица.

Според Геолошкото истражување на САД, веројатноста за вулканска активност ќе продолжи.

Извор: Фена

You may also like

Leave a Comment