ПАНИКА ВО РУСИЈА, ТОТАЛЕН КРАХ НА ПОВИДОК: Нафтата ја потопи рубљата, следува понатамошен одлив на капиталот

by Administrator

путин

Рубљата денес дополнително ослабнала-паднала спрема еврото и доларот: едно евро вреди 80 рубљи, што претставува најлош курс на руската валута уште од декември 2014 година, додека еден долари вреди 79 рубљи.

Како пренесува RussiaToday, Централната банка на Русија би можела да ја подигне референтната каматна стапка доколку ослабнувањето – паѓањето на националната валута продолжи.

Откако ММФ ја намалила својата прогноза за растот на глобалното стопанство, рускиот министер за финансии Антон Силуанов, кон крајот на декември минатата година изјавил дека цената на сировата нафта би можела да падне на 30 долари по барел во 2016 година и дека би можела да остане на тоа ниво во текот на целата година.

“Тоа најавува дека и барањето за нафта ќе падне. Обемот на резервите на нафтата е огромен. Иран ќе се врати на глобалниот пазар со еден до 1.5 милиони барели дневно…сё упатува на тоа дека цниските цени на нафтата ќе доминираат и следната година“, изјавил во декември Силуанов за агенцијата Тас.

Меѓутоа, неговите прогнози се покажале погрешни. Уште на почетокот на 2016 година продолжено е стрмоглавото паѓање на цената на нафтата, па само за две недели изгубиле 20%.

На лондонската берза цената на барел во петокот изнесувала 28,94 долари, што е за 13% помалку одкаку една недела наназад, а во еден момент таа подонала на само 28,82 долари, најниска цена после онаа во 2004 година.

На американската берза цената на барелот во петокот изнесувала 29,42 долари, за момент се слизнала на 29,13 долари, најсниска цена од ноември 2003 година.

Во последните 18.месеци, откако продолжил трендот на паѓање на цената на нафтата потонала од 100 долари на 30 долари по барел, а поедини аналитичари велат дека таа и дополнително би можела да опадне.

Руската влада веројатно ќе го ревидира својот буџет за 2016 година, кој сега се потпира на цената на нафта од 50 долари за барел на курс од 63, рубљи за еден американски долар.

Заменик министерот за финансии Максим Орешкин изјавил дека Русија сега прави план за буџетот засниван на флуктуирањето на цената на нафтата помеѓу 40 и 60 долари  најмалку до 2022 година.

Руската монета рубња доживеа историски пад во декември 2014 година кога само во еден ден паднала за 26%. Тогаш долари вредел 46 рубљи, а еврото 58 рубљи. Веднаш после тоа уследи остар пад на руската берза: Сбербанка, најголемата банка во таа земја, во еден ден изгубила 17,77% од акциите, а ВТВ која е втора по големина, доживеала пад за 14,29%. Државните претпријатија кои се занимаваат со производство на нафта и гас, како Гаспром, Росњефта и Сургута, истоа така започнаа со големи губитоци.

Русија стравува дека сценариотот би можело да се повтори и после новото паѓање на курсот на рубљата.

Се отценува дека главна причина за паѓањето на руската национална валута е украинската криза и западните санкции кои сё потешко и паднаа на руската економија, ниската цена на нафтата и масовниот одлив на капиталот.

Рубљата продолжува да паѓа и покрај бројните интервенции од страна на Централната банка на Русија која со продавањето на резервите на доларот купува сопствена валута како би го спречила понатамошниото паѓање.

Поранешниот заменик министер и главен економист во Внешекономбанк Андреј Клепчев неодамна изјавил дека Русија ќе мора да “научи да живее со паѓањето на рубњата“, додавајќи дека падот на рубљата ќе го потикне понатамошниот одлив на капиталот од Русија.

Нето одливот на капиталот од Русија во претходните две години го надминал вртоглавиот износ од 250 милијарди долари!

 

You may also like

Leave a Comment