НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Што се случува во Молдавија? Сё за новиот комплексен судир помеѓу Русија и Западот кој може да ја дестабилизира Европа.

by Administrator

молдавија

Масовните протести, корумпирана политичка елита, земјата се дели на два дела помеѓи Исток и Запад – сето ова звучи многу познато, ама не, не станува збор за Украина, за Украина зборувавме и пишувавме кон крајот на 2013 годинам, кога избувнаа првите простести во Кијев, односно на киевскиот плоштад, за подоцна на почетокот на 2014 година работата да излезе од контрола и наскоро премина во смена на режимот и избувнување на граѓанска војна.

Сега зборуваме за една друга земја, Молдавија, каде во стварност, на некој начин се одвива многу сличен процес, па дури и во временски периоди. Имено, “комешањата“ во Украина започнаа кон крајот на 2013 година, тику како и во Молдавија во 2015 година. Ситуацијата во Украина ескалира на почетокот на 2014 година, а во Молдавија започнува да ескалира токму сега, на почетокот на 2016 година. Понатаму, во двата случаеви имаме земја која се наоѓа на некој вид разграничувања помеѓу Истокот и Западот, оној геополитичкиот кој станал толку изразен во последните 5 години.

Меѓутоа, ситуацијата во Молдавија исто така е специфична и току со тие специфичности денес ке се позанимаваме. Важно е на време да се согледа што се слулува во ова земја, пред работите да излезат од контрола, ама и заради фактот дека сите ние кои живееме на Балканот итекако би морале да бидеме свесни на опасноста која ја представува ова Исток-Запад тектонско пореметување, бидејќи и самите се наоѓаме во регион кој не е до крај класифициран.

ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА..

Да тргнеме од последните информации, а подоцна ќе се позанимаваме со подлабока анализа на состојбата. Актуелниот премиер, Павел Филип( на власт дошол пред шест дена 20.јануари.2016) и веднаш на демонстрантите  – кои се собирале во десетици илјади на улиците на главниот град Кишињев им порачал дека неговата влада нема да поднесе оставка.

Актуелен премиер на Молдавија, Павел Филип

Во вчерашниот разговор за ББС признал дека ситуацијата е многу тешка и дека политичката кса во Молдавија можеби има уште една можнос да ја врати довербата од народот. Меѓутоа, во исто време тој порачал дека е подготвен да се пресмета преку сила со било какви насилни протести. Со други зборови, тој им порачува на демонстрантите дека нивните анти-владини демонстрации нема уште да ги толерира.

Меѓутоа, које е Павел Фили? Која е опозицијата? Зад кои стојат Руските, а зад кои стојат Западните интереси? На сите овие прашања ќе дадеме одговор во продолжение од текстов.

За почеток малку од историската позадина.

МОЛДАВИ А ВО ПОШИРОК КОНТЕКСТ

Молдавија е земја без излез на море на истокот на Европа, се граничи со Романија на запад и Украина на север, исток и југ. Има околу 3 милиони жители Главен град е Кишињев со околу половина милион луѓе.

Молдавија претходно беше под СССР, Меѓутоа кога Молдавија се осамостои по распаѓањето на СССР, а еден дел од нејзината територија се одметна – Придњестрове, позтано и под името Трансдњетарска Република. Придњестровље представува дел од територијата на Молдавија смесен по левиот брег на брегот Дњестра. Овој дел порачува дека мнозински е населен со Руси и Украинци. Власта во ова подрачје се представува  како власт на самопрогласената Придњестровска Молдавска Република која во 1992 година се одцепи од молдавија после кратката, ама и граѓанска крвава војна. На овој просторе денес живеат околу половина милион луѓе.

Регионот во фокус доаѓа во јавноста после избувнување на кризата во Украина. Некои сметаат дека Придњетровље би можело во екот на актуелните настани, да тргне со конкретни чекори спрема целосно одвојување, а некои пак дури и мислат дека постои шанса регионот – слично како Крим да влеезе во составот на Руската Федерација.

Придњестровље – мал регион на границата со Украина која де јуре се води како дел од Молдавија, ама и де факто самата управува со себе и се смета за независна.

Ниту една членка на не ја признава независноста на Придњестровље, ниту Русија- сите земји сметаат дека Придњестровље дел од Молдавија. Придњестровље признато е единствено од страна на Јужна Осетија и Абхазија – меѓутоа нив со Русија ги признаваат само неколку држави.

Не треба посебно ниту да се наведува дека Придњестровље може да биде користено како геополитичка оска на Русија контра централните власти во Кишињев.

Фото: Главниот град на Молдавија Кишињев.

Што се однесува пак до Молдавија, нејзината индустрија и сопанство значително се намали после распадот на СССР, а и денес околу 60% од економијата отпаѓа на услужни дејности. Молдавија денес е една од најсиромашните држави во Европа.

КОМПЛЕКСНОСТ НА ИСТОРИЈАТА НА МОЛДАВИЈА
Кој се Молдавците? Тука започнуваат контравезите во кои, во ова анализа, подобро е претерано да не се влегува. Да кажеме дека некои сметаат дека Молдавците се автентична етничка групација на романскиот народ сродни со Романците, додека пак други сметаат дека Молдавците навистина се подгрупа на Романите. Меѓу самите Молдавци ова прашање станува работа на подршка- спрема последните анкети, ама не нужното мнозинство, повеќето се сметаат за етничка група, додека значителен број се сметаат дека се многу слични со Романците или пак дека се Романцу.

Историјата на Молдавија поеднакво е комплексна. Прв пат како Кнежевина Молдавија се споменува на средината на 14.век. Подоцна, од 16 до 19 век постои како вазал на Османлиското царство. За време на една од руско-турските војни на почетокот на 19,век половина кнежевштво, источниот дел познат како Бесарабиа, ќе дојде под контрола на Руското царство.

После распаѓањето на Руското царство во 1918 година. просторот Бесарабија краткотрајно ќе постои како независна Молдавска Демократска Република. Меѓутоа наскоро доаѓа до интервенција на романската војска и целиот простор се соединува со Романија.

Подоцна Советите потајно со нацистите ќе се договорат за поделба на Европа во рамките на ноторниот Молотов-Рибентроп (Molotov-Ribbentrop) пакт од 1939 година, и тоа ќе се однесува и на просторот на Бесарабија. Нацистите на Советите им порачале дека Бесарабија не ги интересира и дека овој простор може да дојде под советска “сфера“.

Судир помеѓу Романија и Русија.

Охрабрени со тајниот останок со нацистите, советската Влада на 26.јуни 1940 година на романскиот амбасадор во Москва му поставува ултиматум – бара на СССР веднаш да и се даде просторот Бесарабија и Северна Буковина ( исто така дел од тогашна Романија). Нацистичка Германија и фашистичка Италија – кои и требале стабилна Романија, односно стабилен пристап кон нејзините нафтени полиња – му порачале на романскиот крал Карл 2-ри дека најдобро би било да направи како што бараат Советите. Дури два дена подоцна, 28.јуни, советската војска влегува во Романија и го окупира просторот на Бесарабија, Северна Буковина и Херце.

Меѓутоа, како што ни знаеме, само една година подоцна, сё ќе се сврт обратно, а пактот Molotov-Ribbentrop че стане историја кога Хитлер ќе одлучи да тргне во воена офанзива на СССР. Романија која дотогаш била дел од силите на оската, ја враќа контролата над окупираните подрачја. На подрачјето на Придњестровље, заедно со Германците, организирале депортација на 147.000 Евреи, од кои преку 90.000 илјади завршиле во гето-а и концентрациони логори.

Фото: Регионите на Голема Романија во периодот помеѓу 1920 и 1940.

Романско-нацистичката контрола на просторот на денешна Молдавија ќе потрае околу 3 години. Советската армија веќе во април 1944 година, освојува значителни делови на Молдавија, а до август комплетниот простор се наоѓа под СССР. После завршување на Втората светска војна границите се дефинираат онака како што изгледале после првата светска окупација во април 1940 година, односно просторот на Молдавија сега станува Советска Република Молдавија и таква ќе остане сё до нраспаѓањето на СССР на почетокот на 90-те.

ОД СССР ДО НЕЗАВИСНОСТ.

Не било баш лесно да се живее под СР Молдавија – тајната полиција постојано работела на елиминирање на сите групации и поединци кои биле поврзани со стариот режим, односно колаборационистите. Понатаму, демоградската политика била вперена против етничкото мнозинство, односно се подржувале со населување на Молдавија со Руси и Украинци, особено на просторот на големите градови и на просторот на Придњестровље.

Отпорот на етничкото население траело речиси за време на целиот советски период, меѓутоа отпорот се пригушувал со сила. Многумина и денес ги паметат злосторствата на советските Операции на Северот кога од просторот на Молдавија во една вечер на 31.март-1 април 1951 година беа депортирани вкупно 723 семејства ( 2.671 особа).

Меѓутоа, во исто време поприлично се вложувало и во развојот на Молдавија, нејзината индустрија и нејзините градови. Овие факти секако придонесуваат и досегашните советоносталгичари кај некои жители на Молдавија.

Се во се, кога зборуваме за регионот Придњестровље, во 1989 година, значи пред распадот на СССР, преку 50% од жотелите  се Руси и Украинци, додека околу 40% Молдавци. Ситуацијата ескалира со распаѓањето ан СССР, меѓутоа локалните власти  на 2.септември 1990 година прогласуваат независна Придњестровска Молдавска Советска Социјалистичка Република. Причини ? Тврдат дека се плашеле од претстојниот молдавски национализам, ама и од потенцијалното соединување со Романија, што на славјанската популација никако не би му одговарало. (или на интересите  кои стоеле зад таа славјанска популација, односно интересите на Москва).

ПРИДЊЕСТРОВЉЕ И РУСКАТА ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА

За време на зимата, преминот од 1991 и 1992 година, избувнуваат судири на вооружените сили на одметнатиот Придњестровље и молдавската полиција. До пролет-та ситуацијата ескалира до вооружени судири. (уште еднаш имаме случај на гужви во текот на зима и судир во пролет) Меѓутоа тогаш на сцена настапува руската војска на страната на сепаратистите и резултат од сето тоа е мировен договор потпишан во Москва на 21.јули 1992 година. Околу 1.500 руски војници сеуште се наоѓаат таму.

Како заврши судирот? Властите во Молдавија на Придњестровље му дале широка автономија, меѓутоа функционерите на Придњестровље и понатаму инсистираат на целосна независност. Де јуре, Придњестровље е дел од Молдавија, меѓутоа де факто Молдавија нема никаква контрола над оваа територија.

Фото: Руски војници во Придњестровље

Што се случивало подоцна со остатокот на Млдавија? Како и на секаде, тие преминаа на пазарна економија што резултирало со голема економска криза која траела десет години, и го остави населението во длабока сиромаштија.

ОД ПРО-РОМАНСКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ ДО ЕДИНСТВЕНО ВРАЌАЊЕ НА КОМУНИСТИТЕ

Интересно е да се истакне дека намерите на Владата на Молдавија биле силно подржување на нејзиниот идентите, додека десничарите и националистите секогаш биле склони кон про-романските сентименти.

Најтежок период бил пред крајот на 90-тите. Во 1998 година избувнала криза во Русија, која претставувала главен трговски партнер, а тоа резултирало со дополнително паѓање на животниот стандард во Молдавија. Дури 75% од населението во тоа време живеелео под границата на сиромаштијата, а околу 600.000 луѓе мигрирале.

Ова катастрофа резултирала со еден фен омен – 2011 година на власт повторно се враќаат комунистите освојувајќи 71 застапничко место во парламентот од вкупно 101. Со тоа Молдавија станала првата и засега единствена земја каде на власт се вратила неформираната Комунистичка партија.

Фото: Приврзаници на Комунистичката Партија.

Меѓутоа во тоа време доаѓа и до дополнително нарушување на односите помеѓу Молдавија и Русија заради рускиот предлог за решавање на кризата во Придњестровље. Имено, Москва сакала ( слично како и подоцна во случајот со Украина) Молдавија да стане федерација, а тоа би значело дека Москва би имала, преку Придњестровље, директно влијание на одлуките кои се донесуваат во Кишињев. Понатаму, Русија барала нивната војска да остане уште 20 години на овој простор.

Комунистичката Влада на Молдавија, која ја предводел премиерот ВАСИЛЕ Тарлев, ниту по било која цена не сакала да и попушти на Русија, па биле принудени сојузници да бараат на друго место. Тогаш доаѓа до првиот значителен пресврт на Молдавија спрема Европската Унија.

После седум години на власт, премиерот Тарлев во март 2008 година одеднаш поднесува оставка истакнувајќи дека сака на “просторот да им се даде на нови луѓе“. Следната година се одржуваат парламентарни избори и Комунистичката Партија повторно однесува најголем број на гласови дури 49,48%, додека на второ место, далеку наназад се најде Либералната Партија со 13,14%.

Меѓутоа, опозицијата тврди дека е покрадена иако набљудубачите на ОЕСС заклучиле дека изборите биле слободни и чесни. Сепак во април 2009 година опозицијата, повеќето националисти, организираат голем протест во центарот на  Кишињев. Меѓи демонстрантите можеле да се видат и голем број на Романски знамиња. Следната година на 7.април , ситуацијата излегува од контрола и демонстрантите ги напаѓаат владините простории – доаѓа до масовни грабежи и палења. Дури после еден ден, полицијата успева да ја врати контролата, меѓутоа во текот на судирите три лица се убиени, а опозицијата ја обвинува полицијата за бриталност. ( извештајот на ОЕСС ги обвинува двете страни за насилство).

Фото: Анти-владини протести на централниот плоштад во Кишињев.

Политичката ситуација во земјата станува крајно нестабилна, а особено откако парламентот не успева да избере претседател што значи дека мора да се одржат нови избори. Тие ќе бидат одржани, дури на 29.јули 2009 година, меѓутоа овој пат Комунистичката партија губи, а на власт доаѓа Алијансата за Европска Интеграција ( како што зборува името, станува збор за про-ЕУ коалиција)

Пет години подоцна, 2014 година, про-ЕУ партиите се задржуваат на власт, комунистите остануваат во опозиција.

ПРО-ЕУ ОЛИГАРСИ, ДО НЕКАДЕ ПРО-РУСКИ КОМУНИСТИ И СИТЕ ПОМЕЃУ

Споредботе не се згодни, ама колку за подобро разбирање сепак би можеле да се обидеме. Комунистичката Парѕија на Молдавија денес е “про-руска“ отприлика колку што бил и соборениот  украински претседател Виктор Јанукович. Значи во овој однос (глобален) силите веројатно се склони да одат кон Русија, ама не под услов Москва да стане нов хегемон. Слично било и со Јанукович, тој бил добар со руските власти, ама не толку добар колку што се прикажувало во Западните медиуми.

Про-ЕУ власта во Молдавија сепак е нешто што е налик на актуелните украински власти. Станува збор за пазарно, либералните, националистичките, десничарските и про-ЕУ, про-НАТО, про-САД, власти.

Изгледа дека ваквите поделби во овој дел од Европа  се многу слични, случајност? Нипошто, особено кога станува збор за сили кои дејствуваат на овие земји што доведува до создавање на такви власти и таква опозиција.

На почетокот на текстот го споменавме Павел Филип – тој е актуелен премиер на валдејачката про-ЕУ алијанса.Меѓутоа, тој е помалку ваќен, она што е во овој момент најважно се масовните анти-владини протести против ова владејачка коалиција, најголеми протести од кога Молдавија се осамостоила после распадот на СССР.

ПРОТЕСТИТЕ ЕСКАЛИРААТ, УЛИЦИТЕ НА КИШИЊЕВ ВРИАТ..

Работите сега стануваат сё комплицирани, па да гтргнеме по ред. Масовните протести избувнале уште во пролет-та минатата година. 100.000 луѓе се собрале на улиците на Кишињев. Кој протестира, комунистите? Да, ама не само тие, тука со нив е уште една влијателна нова организација, граѓанското движење под наслов “Дигнитет и Вистина“. Кои се тие? Станува збор за млади луѓе, интелектуалци.  Сакаат по секоја цена да ја урнат актуелната власт за која тврдат дека е полна со корумпирани олигарси, ( судејќи по сё, во право се). Тоа е она што ги обединува, ама тука има и доста работи и што ги раздвојува, а тоа на површина ќе излезе ако успеат да ја урнат актуелната власт.

Имено, еден дел од демонстрантите се за комунистите, за блиски односи со Русија, додека другите се за ЕУ интеграцијата (ама не со ваква влада), слободен пазар, и по никоја цена свртување кон Русија.

Да го истакнеме тоа уште еднаш – две различни групи на луѓе на едн о место, во десетина илјади, протестираат против актуелната власт, ама идеите по прашањето каде би требало да оди нивната земја многу се различни. Покрај тоа, една фракција националистичката истакнува дека Молдавија би требало веднаш да се соедини со Романија и дека тоа би ги решиле сите нејзини економски проблеми.

КАКО ДА СЕ УКРАДЕ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ВО ТРИ ДЕНА?

Меѓутоа, како дошло до соединување на овие различни групации во отпор против авктуелната власт? Една од поголемите причини е инцидентот кој се случил во ноември 2014 година. Станува збор за милијарда долари тежок инцидент – имено, толку ислезнало до три банки на Молдавија, а за сиромашната Молдавија милијарда долари представуваат огромни пари ( тоа е 12% од нивниот БДП).

Како мистериозно исчезнале парите? Неодамна во комплексен план бил вмешан и контраверзниот претприемач Илан Шор, меѓутоа корупцијата оди подлабоко од тоа, без двоумење. Меѓутоа, кражбата сериозно ја погодило и економијата на Молдавија бидејќи требало да се санраат три банки од чии сметки се украдени парите.

Фото: Илан Шор.

Сето тоа било прекинувач кој овие луѓе ги изнесе на улица, ама секако постојат ки други причини, причини кои се натрупуваар речиси половина век, ако не и подолго. Корупцијата е огромна и најголем актуелен проблем, а тоа е нешѕо што во овој момент им е јасно на многумина.

Молдавија во спротивно би можела да живее далеку подобро, колку за пример, невработеноста во земјата е поприлично ниска (околу 3%)

ДА СЕ ИЗБЕГНЕ НАЈЛОШОТО СЦЕНАРИО

Што ќе се случлува понатаму? Тепкое да се прогнозира, можеме само да кажеме дека се знае кои сё можни интереси се вплеткани во овој хаос. Некои тврдат дека на сила е “Црвената Револуција“, односно дека комун истите се враќаат на власт, други тврдат дека зад сето ова, помалку или повеќе, стои Москва, трети пак тврдат дека зад ова стои САД, ама и Германија и дека се подготвува нов Маидан.

Се во се, ситуацијата по жителите на Маолдавија не изгледа перспективна, токму заради овие интереси кои стојат зад корумпираната власт, опозицијата, ама речиси сигурно и зад групите кои ги водат овие анти-владини протести. Притоа можат само да се надеваат дека нема да им се случи Украинското сценарио, односно најлошото сценариот од сите – она военото.

Извори/рефернци:

Crisis in Moldova: What’s Russia’s Next Move?
http://sputniknews.com/europe/20160125/1033693050/moldova-crisis-russia-possible-response.html

How to steal $1 billion in three days
http://money.cnn.com/2015/05/07/news/economy/moldova-stolen-billion/

Mii de persoane au protestat la Chişinău, la şase ani de la violenţele din aprilie 2009
http://www.digi24.ro/Stiri/Digi24/Extern/Europa/Protest+Chisinau+Republica+Moldova+violente+7+aprilie+2009

Russian Troops In Transnistria Squeezed By Ukraine And Moldova
http://www.eurasianet.org/node/73586

Moldova PM Pavel Filip rejects calls to step down
http://www.bbc.com/news/world-europe-35403563

dubai-portal.com.mk/advance

You may also like

Leave a Comment