НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Четврти севернокорејски нуклеарен тест: На кого сё Пјонгјанг му испраќа порака?

by Administrator
severna koreja
Севернокорејскиот четврт нукеларен тест претставува изненадувачки потсетник дека Ким Јонг Ун сака да создаде атомски арсенал по секоја цена. За среќа, остатокот од светот е во таква опозиција да му покаже дека е подготвен дека е во криво и дека Северна Кореја нема да може да создаде такбо смртоносно оружје. На дело е двојна пропаганда – една севернокорејска, а другата глобална.
Севернокорејската пропаганда на својот народ и светот сака да му покаже дека тестираниот продукт навистина е хидрогенска бомба, која може да експлодира илјадници пати поисилно од атомската бомба. Западниот свет предупредува дека не станува збор за таква бомба, ама дека воена подготвеност е потребна за да се сузбие било каква можност од изработка на таква бомба. Вистината е застрашувачка, ама и не помалку и опасна. Со оглед на тоа дека станува збор за најмлад, готово херметички затворен, добро вооружен и можеби најмегаломански диктатор на денешницата, сето ова може да биде вистина- и ништо.
Ким минатиот месец најави дека неговите научници подготвени се за тестирање на Х-Бомба. Кога тестирањето беше изведено, сеизмолошките извештаи не регистрираа ништо слично како земјотрес или неуклеарна експлозија, иако Северна Кореја објави дека тоа е изведено. Во стварнот, регистрирано е само 5,1 степен според Рихтеровата скала, што е подеднакво на нуклеарното испитување во фебруари 2013 година. Се смета дека експлозијата е еднаква на седум илјади тони ТНТ, а тоа е само половина сила од атомска бомба, фрлена слична како онаа во Хирошима на крајот на Втората светска војна. Последните месеци Ким побарал економска помош од Кина и Јужна Кореја, и покажал интерес во смирување на политичката напнатост. Притоа му било кажано дека мора да прекине со неуклеарната програма. Ова тестирање би можело да биде одговор на ставот на Пекинг и Сеул.Ваквата тврдоглавост на Пјонгјанг е зачудувачка, со глед на тоа дека Северна Кореја е една о најсиромашните и најизолирани земји на светот. Кина е единствен допломатски сојузник на Пјонгјанг и извор на сета помош и трговија. Многу граѓани на Јужна Кореја вклучувајќи го и моменталниот конзервативен претседател Парк Ѓун-Хју сакаат да остварат нов вид на пристап кон северниот сосед, а можеби и повторно соединување на двете Кореи. Ама, севернокорејскиот диктатор, токму како и неговиот татко Ким Јон – Ил и неговиот дедо Ким ил-Сунг, единствени три владетели на ова земја од нејзиното формирање во 1948 година зависи од изолацијата и опресијата како пат кон остварување на власта.

Способноста на САД, Јужна Кореја и Јапан да го менуваат однесувањето на Северна Кореја било ограничено од два главни показатели. Првиот е влијанието на Кина, главна поддршка на Северна Кореја и глацен економски партнер на Пјонгјанг. Вториот е натпреварувањето помеѓу САД и неговите сојузници кои меѓусебно барем се во затегнати односи.

Меѓутоа, под претседателот  Кси Џинпинг, односите помеѓу Кина и Северна Кореја многу се влошија. Кина силно се противи на нуклеарните тестрирања, кои предизвикуваат проблеми на кинеската дипломатија. Неодамнешниот договор на Јапан и Јужна Кореја исто така ги менува работите и поставува темел за блиска стратешка соработка на двете земји. Од тука е поставена можност дека би се можело да даде силен и продуктивен одговор на последната севернокорејска провокација. Советот за безбедност на ОН сигурно ќе изгласа нови санкции на Северна Кореја, што значи дека Кина ќе биде склона кон таквото решение., Интересно е дека Северна Кореја сеуште нема санкции со сила сличлни како оние кои ОН и ги воведе и наметна на Иран.

Иако санкциите се неизбежни, засигурно ќе има одредени концесии во економска смисла. Ако САД покренат широки санкции против Пјонгјанг, тогаш тоа ќе значи дека санкциите ќе се одразат и на многубројните кинески компании кои послуваат во Северна Кореја, а таквата затегнатост може негативно да влијае на трајно волатилните американско-кинески односи. Ако се случи сакнциите да не влијаат на претседателот Ким Јон Ун, тогаш САД и нејзините сојузници бо можеле воено да го зајакнат своето присуство во Источна Азија.
Санкциите какви и да се, сепак нема да го сопрат севернокорејскиот режим да го предаде своето вооружување, кое е темел на диктатурата во таа земја. Расправата за стопирање на пристапот на ова технологија и средствата кои водат кон производство на ова оружје за масовно уништување е проблемтична и заради потребата од помош на граѓаните на Северна Кореја кои живеат во речиси перманентна хуманитарна катастрофа.
Кси Џинпинг очигледно е против неуклеарното тежнеење на Северна Кореја и сеопштото однесување на пјонгјанската врхушка, ама исто така Кина има и длабоки интереси. Ако се сруши севернокорејскиот режим, со оглед на на тоа дека моментачниот Ким е последен наследника во линијата, би натанале лоши последици за Кини. Пеку ноќ околу 10 милиони севернокорејски бегалци би можеле да ја преминат границата во зафрлените кинески североисточни територии, што ќе предизвика хуманитарна криза со каква Пекинг досега немал искуство. Покрај тоа, американската морнарица и воздухопловство би можеле својот воен арсенал (бродови и авиони) да ги приближат од северноисточна Азија спрема Тајван и Јужното кинеско море, притоа директно загрозувајќи ги интересите на Пекинг.Династијата Ким и нуклеарната програма донекаде претставуваат гаранција за осдржување на статусот кво. Ама откако Ким Јонг-Ун дошол на власт 2012 година, обидите за приближување на Пјонгјанг се намалени,ако не и во целост исчезнати. Па дури и долгорочните заговорници на дипломатијата денес сметат дека тие обиди се безначајни и безцелни, се додека Ким Јонг е на власт. Сите правила кои делувале во разговорите со неговиот татко и дедо сега повеќе немаат сила. Се нема можност ниту за разговор со искусните револуционерни кадри. Ким Јонг-Ун речиси ги уби сите свои ментори, освен оние кои мистериозно исчезнале од сцената, а кои сеуште јавно не се потврдени како убиени.

Одржливоста на северно корејскиот тежим веќе со десетлетија ги збунува политиколозите и теоретичарите на меѓународни односи,ама сите речиси предупредуваат дека почетокот на режимот кој е и денес на власт изворно настанал за време на јапонскиот милитаризам. Јапан во 1910 година ја колонизирал Кореја, сметајќи ги Корејците како дел од јапонската раса ипрогласувајќи повторно обединување во една нација. За разлика од многу бројните слични европски фашистички движења, јапонскиот бил и квазирелигиски бидејќи вклучувал и обожавање на царот не само како свој лидер и втмелувач на нацијата, туку како и полубожество. Многу Корејци ја прифатиле таквата идејаи наметнување.

Кога Јапонското царство пропадна во 1945 година, корејскиот полуостров се подели, на северот Советите сакале да изградат комунистичка власт по еднаков рецепт како и во Источна Европа. Меѓутоа имале проблем, бидејќи не постоела лева интелигенција, ниту управен истем. Единствени кои имале искуство со владеењето биле колаборационистите со јапанската управа. Речиси сите интелектуалци и државни службеници кои ја сочинувале првата севернокорејска управа во некоја мера соработувале со Јапонците. Кога било потребно да се создаде нова митологија на корејската држава, повечето ветерани на јапонскиот фашистички режим во Кореја едноставно го препишаа јапонскиот рецепт.

И навистина, денес Корејскиот народ се опошува според принципите на чистотата и невиниоста, и опколеноста со нечистите и непријателски инфериорни раси. Јапонците успеале тие раси да ги покорат, ама Северна Кореја успеа самата себе си да се изолира од надворешниот свет, и до таа мера што многу идеоколгизирани Корејци ја прифатија својата изолација. Сите тројца големи лидери на Северна Кореја имаат квазибоженска аура во корејската раса. Водачот секогаш е прикажан како добар, па од тука се појавува како единствен доброчинител, а често и детинест во своите јавни настапи. На ист начин прикажан е и јапонскиот цар Хирохито.

Најважен национален симбол на Северна Кореја е планината Паекту, прекопиран мит на планината Фуџи во Јапан. Се смета дека ова е родно место на корејската раса, апритоа сите три лози на Ким родени токму на ова планина, давајчи им дополнителна аура на боженство. Со оглед на стовековната индоктринација и недостаток на информации од надворешниот свет, многумина граѓани на Северна Кореја не се сомневаат во ова идеолошка матрица.

Меѓутоа, ниту една пропаганда не може да ги увери Корејците дека нивниото општество е напредно и успешно, ако умираат од глад. Од истите причини, Северна Кореја морала да го намали надзорот на границата со Кина, дозволувајќи храната во Кина да влегува на црниот пазар, па дури и со закана да бројни Корејци дојдат во контакт со надворешниот свет, посетувајќи ги градовите на североисточна Кина, или шверцување на странски книги и видео содржини. Сепак, многумина во 2011 година, кога починал Ким Јонг -Ил, искрено болно плачеле , бидејќи се чувствувале оставени од страна на диктаторите кои ја наследиле корејската мегаломанска митологија.До 1990 година, Советскиот Сојуз беше една светска супер сила која го подржа режимот во Пјонгјанг од чисто прагматични причини. Сега Русија е во можност повторно да влијае на дипломатијата на Корејскиот полуостров. Со опглед дека Русија не имала поголема улога во последните мултилатерални состаноци околу Северна Кореја, и тоа е можност Москва да ја зголеми својата дипломатска активност. После пропаѓањето на Советскиот Сијуз, односите на Русија и Северна Кореја имале драматичен пресврт, особено откако Москва остварила дипломатски односи со Сеул. Руската службена политика спрема Северна и Јижна Кореја често пати е опишана како урамнотежување на двете држави. Кина ја исполни празнината која ја оставил Советскиот сојуз и блиско се поврза со Пјонгјанг.

Откако кинеско-севернокорејските врски започнаа да пукаат, Русија повторно станала партнет на Пјонгјанг, иако ограничено само во економските прашања, Постојат неколку иницијативи околу ограничувањето на соработката во безбедносните прашања, слично како потпишувањето на договорот за превенцијата од опасните воени активности во североисточна Азија. Иако таквото приближување се смета за собирање на сојузници во Москва против западниот свет, ни Русите не гледаат благонаклонето на тестирањето на оружје. Набрзо после тестирањето Константин Косачев, челник на одборот за надворешна политика на горниот дом на рускиот парламент потврдил дека таквите активности директно влијаат на руските интереси и  националната безбедност.Еден од главните показатели на ставот на Русија спрема нуклеарното прашање на Северна Кореја е да се одржат мултилатерални преговори, а не прашањето да се сведе на билатерални расправи помеѓу Понгјанг и Вашингтон. На овој начин, Москва може да заземе силен став спрема Северна Кореја, и критикува севернокорејскиот нуклеарен програм, ама не и на ист начин како и САД. Изгледа дека грешките на севернокорејскиот режим ќе му дадат можност на Кремљ да го зголеми своето влијание во корејското прашање и воопшто во североисточна Азија, каде Русија има свој удел (акционер)

Извор:: Slate, Bloomberg, Vox- dubai-portal.com.mk

You may also like

Leave a Comment