Напад на бунтовниците на Дамаск, загинале девет лица

by Administrator

Сириските државни медиуми денеска објавија дека девет цивили загинале во нападот на бунтовниците на Дамаск, вклучувајќи и едно дете.

Државната телевизија објавила дека гранатирано е стамбено подрачје во Дамаск, како и автобуска станица, додавајќи дека нападот бил извршен од бунтовниците од источната Гута која е под нивна контрола.

Сириската опсерваторија за човекови права, исто така, потврди дека девет лица загинале во нападот. Сириските сили ја опколиле источна Гута, база на бутновниците во близина на Дамаск.

Според ОН, во источниот дел на Гута има околу 400 илјади цивили

Извор:cdm

You may also like

Leave a Comment