На роднина на затруениот поранешен руски шпион Сергеј Скрипал одбиена и`е апликацијата за виза, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.
Викторија Скрипаљ планирала да пристигне во Британија и со себе во Русија да ја поведе ќерката Скрипаљ Јулија, пишува Ројтерс.
Сергеј и Јулија Скрипаљ се наоѓаат во британска болница откако на 4.март во Солсбери беа затруени со нервен агенс.
По еден месец третман, тие сега се во стабилна состојба.
“Ја одбивме апликација за виза, на Викторија Скрипаљ, бидејќи нејзината апликација не беше во согласност со Имиграциските правила”,изјавил портпаролот на британското министерство.
Британските власти велат дека Скрипаљ и неговата ќерка биле отруени од нервен агенс, обвинувајќи ја Русија, но Москва ги негира обвинувањата.
Извор:cdm