Либанскиот премиер во посета на С. Арабија прв пат по поднесувањето на оставката

by Administrator

БЕЈРУТ (AA) – Либанскиот премиер Саад Харири стаса денеска во Саудиска Арабија, во прва официјална посета од поднесувањето на оставката во ноември минатата година, што ја најави од Ријад, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од Кабинетот на либанскиот премиер најавија дека Харири ќе се состане со саудискиот крал Селман бин Абдулазиз и престолонаследникот Мухамед бин Селман.

Харири подоцна ја повлече оставката, во екот на обвинувањата на либанските функционери дека Саудиска Арабија го присилила да поднесе оставка.

Потсетуваме, Во ноември минатата година Харири ненадејно најави оставка во текот на посетата на Саудиска Арабија.

Извор:АА

You may also like

Leave a Comment