КОНТРА МЕРКА: Москва ќе протера дестина американски дипломати

by Administrator

Москва ќе протера најмалку 60 американски дипломати од Русија како одговор на одлуката на Вашингтон за протерување на руските дипломати, објави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на член на горниот дом на рускиот парламент Владимир Џабаров.Џабаров е заменик-претседател на Комитетот за надворешни работи во горниот дом.

Вашингтон претходно донесе одлука за протерување на 60 руски дипломати и затворање на рускиот конзулат во Сиетл, објави официјален претставник во американската администрација.

Руските дипломати мора да ги напуштат САД во следните седум дена.

Извор:(Vijesti)

You may also like

Leave a Comment