Израелски офицер осуден на девет месеци затвор за убиство на малолетен Палестинец

by Administrator

Израелски суд изрекол деветмесечна затворска казна за офицер на израелската гранична полиција Бен Дери за убиство на невооружен и малолетен палестинец во инцидент што се случи во 2014 година, објави Агенцијата Анадолу (АА).

Весникот “Хаарец” објави дека Дери е осуден за убиството на 17-годишниот Надим Навара, кој се случи пред четири години во Рамалах, на Окупираниот Западен Брег.

Судот во Ерусалим изрекол и парична казна од 14.000 американски долари, која Дери, треба да ја плати како отштета на семејството на убиениот Палестинец.

Извор:faktor

You may also like

Leave a Comment