31
Пред Белата куќа во Вашингтон, исчезнало дрвото (храст) кое минатата недела го засадија американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон.Дрвото беше подарок од Макрон, по повод американската посета на САД.
Бројни медиуми го фотографираа и снимаа Трамп и Макрон, кои на почетокот на неделата засадија дрво во јужниот дел на Белата куќа.
Сепак, на крајот на неделата дрвото исчезнало, а на негово место имало само избледена трева.
Од Белата куќа не е соопштено што се случило со дрвото.
Дрвото, (храст) кое е подарок од Макрон, израснало на место на битка од Првата светска војна, каде околу 2.000 американски војници загинаа за време на германската офанзива во јуни 1918 година.
![]()