Го барале исчезнатиот Малезиски авион, а пронашле остатоци на бродови од 19.век

by Administrator

Авионот на  Малезија ерлајнс, кој исчезна во март 2014 година, сè уште не е пронајден. Големата потрага досега чинела околу 70 милиони долари.

Сепак, истражителите и подводните електрични локатори пронашле сосема нешто друго – на дното на Индискиот океан пронајдени се остатоци на бродови. За едниот остаток се представува дека би можело да представува остаток од железниот брод познат “Вест Риџ”, исчезнати за време на британскиот транспорт на јаглен во Индија во 1883 година.

brod

Овие остатоци биле пронајдени кон крајот на 2015 година, меѓутоа овие денови е објавено за кој брод станува збор. Фотографиите беа објавени од австралиската агенција за безбедност во сообраќајот. Освен Вест Риџ, во контекст се доведуваат уште бродовите Коринга и Лејк Онтарио. Коринга исчезна во 1894, а Лејк Онтарио три години подоцна.

Др. Рос Андерсон, морски археолог во Музејот на Западна Австралија, изјави дека е потребно уште повеќе работа и пари пред да со сигурност да се утврди идентитетот на овие два остатоци.

Пребарувањето за малезискиот авион продолжува, а, тамошната влада вети дека ќе плати 20 милиони долари за да го пронајде авионот или црна кутија со снимени податоци за летот.

Извор: Index.hr

You may also like

Leave a Comment