(Фото) СИРИЈА: Карим постана симбол на отпорот на цивилите во Источна Гута

by Administrator
Двомесечното бебе Карим стана симбол на отпорот на цивилите кои веќе пет години се под опсада на силиде лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад, објави агенцијата Анадолу (АА).
 
Карим на еден месец после раѓањето во артилериски напад остана без мајка и левото око.
Корисниците на социјалните мрежи, особено Твитер, вчера ја започнаа кампањата за ставање на крај на опсадата и постојаните воздушни напади и артилериски напади врз цивилите во источниот дел на Гута, а тоа го прават со испраќање на порака за поддршка на малиот Карим.
Активисти на Белите беретки и малолетните сестри Нур и Ела од Источна Гута на Твитер објавија фотографии на кои ги затвориле левото око и на тој начин се обиделе да укажат на злосторството над Карим и другите деца во тој регион.
На кампањата се приклучиле голем број корисници на социјалните мрежи.
Особено се активните корисници на Твитер во Турција кои со пораките “Солидарност за Карим” и “Стоп, на опсадата на Источна Гута” на турски, англиски и арапски јазик.
Најчесто споделени видеа и фотографии на Карим се оние кои ги снимиле новинарите АА, кои објавија извештај за случајот Карим пред два дена.
За малиот  Карим се грижат неговиот брат и двете сестри, исто така и децата, а таткото Абу Мухамед вели  дека сè повеќе и повеќе тешко ја наоѓа храната за своите деца.
Нападот во кој Карим бил ранет и неговата мајка починала, го преживеала  Ум Ахмет, која за  АА дека тоа бил ракетен удар.
– И јас бев ранета во нападот. Имам осум деца. Од вчера не јадевме ништо, а во последно време јадеме само јачмен што го готвиме во несолена вода – изјавила Ум Ахмет.
Блиску 400.000 цивили во источна Гута живеат под опсада на режимот на Асад пет години. Регионот е под контрола на опозициските сили, и станува збор за една од четирите зони на деескалација, за која во Астана со посредтсво на Турција, Русија и Иран беше договорено примирје.

You may also like

Leave a Comment