Ердоган се сретна со Рохани во пресрет на самитот на кој ќе им се придружи и Путин

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара се состана со својот ирански колега Хасан Рохани, објави агенцијата Анадолу (АА).

Состанокот се одржува зад затворени врати во претседателската палата. После состанокот, Ердоган ќе биде домаќин на трилатералниот самит на претседателите на Турција, Иран и Русија.

Ердоган, Руани и Путин ќе разговараат за ситуацијата во воено зафатената Сирија, и во текот на денот ќе одржат заедничка прес-конференција.

Во ноември минатата година тројца лидери одржаа трилатерален самит во Сочи, додека Турција, Русија и Иран се земји кои гарантираат мировен процес за Сирија, кој се одржува во главниот град на Казахстан во Астана.

Извор:(Vijesti / AA)

You may also like

Leave a Comment