Ердоган потврди: Во Сарево предизборен собир за Турските граѓани од БиХ и Европа

by Administrator

Одлуката беше донесена откако властите на Германија, Австрија и Холандија ги забранија предизборните митинзи на Ердоган и АКП на нивната територија.

“Во ситуација кога некои земји разговараат дали да дозволат кампања на нивната територија, избравме со нашите европски граѓани да се сретнеме во Босна и Херцеговина”, им рече Ердоган на новинарите по неговото враќање од посетата на Јужна Кореја.

Тој додаде дека на собирот во Сараево очекува присуство на турски граѓани кои живеат во БиХ,Балканот како и доаѓањето на Турците од европските земји каде што се забранети состаноците на АКП, објави Хуријет.

Вонредни турски претседателски и парламентарни избори беа повикани за 24 – 18 јуни пред да се одржат редовните избори.

You may also like

Leave a Comment