Представници на Дубаи одлучија богато да ги наградат сите оние кои наместо своите автомобили ќе започнат да ги користат средствата за јавен превоз.
Во рамките на капмањата по повод прославата на Денот на јавниот превоз, властите во Дубаи подготвија големи награди како би ги подтикнале луѓето да почесто го користат јавниот превоз односно градските автобуси и метроа.
Уоравата на јавниот превоз на емиратите најави дека ќе подари одредена количина на злато во рамките на прославата Ден на јавниот превоз , на 1 ноември, како би ги подтикнале граѓаните што повеќе да го користат ово превоз и на тој начин заштити животната средина.
“ Акцијата, во текот на која наградите во злато ќе им бидат доделувани на патниците “ со извлекување на сламка и на други интересни начини“ ќе трае една недела, пишува Galf Njuz.
Во Дубаи секое семејство во просек поседува 2,3 автомобили, па заради тоа не е ничудно што само 13 % од населението го користи јавниот превоз. Во текот на најавената кампања, властите нема да делат само злато, туку и други вредни награди во вкупен износ од 272.000 долари!
