Десетина илјади демонстранти во Словачка бараат нови избори

by Administrator

Десетици илјади антивладини демонстранти излегоа денес на улиците на градовите во Словачка, барајќи предвремени избори за решавање на политичката криза што избувна по убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак.

180316114.3_mn

 

Демонстрантите излегоа на улиците по трет пат денес, иако вчера премиерот Роберт Фицо поднесе оставка. Демонстрантите го обвинуваат Фицо и неговата коалиција за широко распространета корупција.

Минатата недела демонстрантите побараа темелна истрага за убиството на Јан Кучијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова во најголемите антивладини протести од Баршунастата револуција од 1989 година.

 

You may also like

Leave a Comment