Дали ова слика може да ја промени Европа ?

by Administrator

весници

Потресните фотографии на телото на тригодишниот Ајлан бегалец од Сирија на плажата во Турција, предизвика бес и згрозување ширум светот.

Медиумите во Еропа повикаа на помош за бегалците

Потресните фотографии на безживотното тело на детенцето на еплажата на едно од главните туристички одмноралишта во Турција предизвика бес и згрозување ширум светот,му дадоа човечко лице на очајните бегалци кои ги ризикуваат своите животи како би стигнале до земјите на Западна Европа.

 

Slika sirijskog dječaka, koja je potresla svijet. Čovječanstvo je palo na ovom ispitu!
Слика на сириско детенце, која го потресе светот. Човештвото падна на овој тест!

весници

Тригодишниот Ајлан Курди бил од сирискиот град Кобане. Се претпоставува дека се наоѓал во групата со најмалку 12 Сиријци кои се обиделе да дојдат до Грција кога нивниот брод потонал.

Телото на неговиот пет годишен брат Галип пронајдено е на другиот дел од плажата.

“Ако овие силни фотографии на мртвото сириско детенце не го променат ставот на Европа спрема бегалците, тогаш што таа ќе направи?“ напишал британскиот Independent во новото издание.


Детенцето Ајлан и неговиот брат Галип

Припадник на турската крајбрежна стража истакнал дека два брода потонале одвоено, откако испловиле од Бодрум спрема грчкиот остров Кос во средата.

Меѓу жртвите имало и пет деца и една жена, додека 15 возрасни се спасени, изјавил тој.

Фотографијата која се споделувала на социјалните мрежи предизвика огромен број на лути реакции.

Некои барале итни акции на своите влади да им помогнат на бегалците, додека други пак ги критикувале корисниците на Фејсбук заради објавување на фотографиите, велејќи дека се премногу вознемирувачки.

 

Други пак сметаат дека фотографиите треба да се објавуваат за да се ввиди до каде стигнало човештвото


“ Колку често се случува грозна , ама впечатливва фотографија да го предизвика светот на акција? Нека оваа биде таа“.

Ова исто така пкрена и широка дебата во редакциите за тоа дали било етички да се прикажува безживотното тело на детенцето.

“Направи нешто , Дејвиде“ напишал весникот Huffington Post во своето најново издание, повикувајќи се на британскиот премиер Дејви Камерон. ВВелика Британија примила најмал број на бегалци во однос на баројот на жители на ова земја.

Претставници на Франција, Италија и германија повикуваат на фер распределба на бегалци помеѓу земјите членки на ЕУ, додека траат тензиите помеѓу поедини европски држави заради се поголемиот прилив на бегалци. Илјадници пристигнале во Грција, а само ова година вво таа земја влегле околу 160.000 луѓе кои побегнале од своите државви.
Последната недела бројот на бегалци, повеќето Сиријци, Авганистанци, Пакистанци и дел од Африка, драматично се зголеми, а сите тие се надеваат дека ќе изградат нов живот во Европа.

You may also like

Leave a Comment