Од нашиов крај
Вчера бевме сведоци за некои можеби историска одлука во обид како и во многу други наврати на обиди за решавање на проблеми поврзани со населба лабуништа, и нашите драги Лабуништани.
Меѓутоа како и секогаш нашите соселани, и драги пријатели Лабуништани можеби како од навика или по навика или ќе потклекнат или пак погазат она што веќе претходно самите го донеле како одлука или пак нешто слично и сето тоа наеднаш пред очите на сите нас ја отвори дилемата од еден ГОЛЕМ ПРАШАЛНИК и друг ред на низа на прашања.
Како и секогаш, нашите Лабуништани знаат да започнат да трчаат кон некоја цел со некаков си ниет, а потоа за кратко некој да им ја промени насоката на движење како кај оние , во нашиов случај (одлука за бојкот, па потоа некакво си убедување, па потоа промена на веќе донесената одлука за Бојкот)
Како постетување здружението Натура Лаб во обид за решавање на проблемите со каменоломите и неслухот на Општината и воопшти Државата ни Македонија, на ден вчерашен 21.01.2023 донесоа одлука за стапување во бојкот, односно спречување на учениците да започнат да одат на настава.
Ваквата одлука, како еден вид закана беше најавена и на претходиниот протестен собир оддржан на 29.декември 2022 година.
И кога веќе се очекуваше дека Лабуништа ќе го започне најавуваниот бојкот и да покаже заби,на оние кои немаат слух за “долговечниот“ проблем, одеднаш се добива известување дека врз онова одлуката на ова Здружение, одлуката за бојкот се става во привременио “мирување“ со до разговорите со представниците на Владата на Македонија која реагирала на ваквото известување и дека ќе имало средба со претсатавници на Владат имесната Самоуправа на ден 26.01.2023 година.
Ваквата одлука според коментарите на социјалната мрежа предизвика бурни реакции од негодувања на навкава одлука за прекин на Бојкотот, без разлика на тоа што и како реагирала Владата.
Натура лаб не треба да се поигрува со нашите граѓани, односно еднаш одиме, а потоа не одиме. Кога ќе се донее одлука, истата треба да биде реализирана како што треба и доликува кога треба да се покаже нефункционирање на Општината државата кога станува збор за овој проблем со кој мака мачат начите Лабуништани.
Во прилог Ви пренесуваме дел од коментарите на нашите сограѓани по повод одлуката за ставање во некакво си прекинување или мирување на закажаниот бојкот.
Притоа би сакале горе наведениот текст не го претставува ставот на редакцијата на Дубаи Портал по ова прашање, туку истото размислување е произнесено од долу пренесените коментари на нашите сограѓани.
Па повелете и отценете сами.

Скриншот фотографии https://www.facebook.com/naturalabunishta
Подгорчани пред дилема: Кој треба? Кој е должен? и Како да се помогне во купувањето на превозно средство за транспорт на ѓубре,
На 24 декември минатата година (2022) на социјалната мрежа фејсбук, односно профилот на Месната Самоуправа Подгорци беше објавено известување за набавка на камион за собирање на ѓубре за потребите на Месната Самоуправа – Подгорци која стопанисува со собирањето на отпадниот и друг материјал.
Во истото известување беше наведено дека средствата ќе започнат да се собираат од 30.декември 2022 за време на џума намаз во двете џамии на ова населба , се разбира и подоцна доколку има заинтересирани граѓани кои сакаат да помогнат во неговото купување.
Меѓутоа како и секогаш добро или не добро запознати за тоа како одат и како треба да изгледаат работите, жителите на оваа населба во разговор со представници на нашата редакција веднаш по петочната молитва и почетокот на прибирањето на финснсиските средства, имаа поделено размислување, и еден куп дилеми.
Дилемите можат да се сведат на неколку прашања кои ги подтикнаа самите жители на населба Подгорци.
- 1.Дали граѓаните на населба Подгорци се должни да купуваат камион, и покрај тоа што Месната Самоуправа е таа која што стопанисува со оваа дејност ?
- 2.Дали Месната Самоуправа која стопанисува со оваа дејност и прибира средства (наплатува) за прибирање на ѓубрето е должна самата да набави соодветно средство (камион) за транспорт на отпадниот материјал ?
- 3.Дали Општината е должна да помогне или пак да учествува во активноста за купување на вакво средство ?
И уште еден куп размислувања на граѓаните на оваа населба.
Од тука оваа текст информација ја споделуваме како дел, преку кој сакаме да ги споделиме вашите размислувања и помогнеме во решавањето на овие дилеми.
Образложение:
Редакцијата на Дубаи Портал, не наметнува ниту едно од горе наведените прашања, туку истите се дел од забелешките на нашите жители преку кои се забележани овие прашања.
Како што и претходно најавуваме дека веќе поодамна Основното Учичиште Гоце Делчев-Подгорци се соочува со сериозни проблеми заради кои се доведува во прашање понатамошното одвивање на наставниот процес, односно образованието на учениците од оваа образовна установа, таквите проблеми овој пат доведоа до кулминација и започнување на бојкот на наставата за учениците од 8-мо и 9-то одделение, односно оние кои во својата предмет настава го изучуваат предметот хемија.
Хронолошки гледано според изјавата за нашиов портал од страна на ченови за Советот на родители, донесувањето на ваквата одлука започнува од поднесувањето на отавка на наставничката по хемија ( од лични причини), и од тогаш започнуваа проблемите за кои Општината Струга, воопшто нема слух.
Имено, веднаш по оставкат на наставничката по хемија, до општина Струга уредно беше поднесено барање за согласност за ново вработување на наставник по овој предмет. Од тој ден па до ден денес за жал издржана согласност (освен празни зборови и ветувања ) за одредување на нов наставник од Општина Струга нема никаков абер.
На родителската средба од наставничкиот кадар бевме известени дека учениците за тромесечие не можат да бидат отценети, а тоа повлекува со себе и нов проблем за тоа кој ќе ги отценува учениците , и внеси успехот по овој предмет во сведителствата, а тоа значи не отценети ученици, нема ниту сведителства.
Да биде проблемот уште поголем, ваквата неодоговорност на Општинските органи ќе предизвика учениците да се соочат со проблемот да не можат и да задоцнуваат со запишување во средните училишта.
На секаков начин се обидувавме да воспоставиме контакт со надлежните на Општина Струга, но за жал од таму како да немаа слух за овој проблем.
Врз основа на сетоа тоа, денес Советот на родители во обид да се спречи понатамошна кулминација и компликување на проблемот поврзан со нашите деца, одлучивме на 11.11.2022 година да започнеме со бојкот на настава за учениците од 8-мо и 9-то одделение.
Доколку, и во наредните денови продолжи неодоговорноста на надлежните служби при Општина Струга, ќе започнеме со целосен бојкот на наставата, со што ќе бидат опфатени сите одделнија.
Инаку како постетување би сакале да напоменеме дека ова и не е единствен проблем на нашево училиште.
Имено претходно поднесовме барање и за промена на името на училиштетот во ООУ “Подгорци“ од Подгорци, на што за жал никаков одговор, освен по некој празен збор не добивме од Општина Струга.
Целосно стоиме зад ваквата одлука преку која итовремено сакаме да кажеме дека и нема да дозволиме некој да се поигрува со нашите деца.
Совет на родители
ООУ “Гоце Делчев“- Подгорци.
ООУ Гоце Делчев – Подгорци: Известување како најава за уште еден наметнат и сериозен проблем
Известување до медиуми од родители на ученици во ООУ Гоце Делчев-Подгорци!!!
По барање на родителите од учениците во 8-мо и 9-то одделение во ООУ Гоце Делчев-Подгорци,Струга,вчера 07.11.2021г.во училиштето се одржа општа родителска средба со барање за решавање на настанатиот проблем со наставата по Хемија односно причината зошто во претходниот период не се реализира настава по Хемија во 8-мо и 9-то одделение???
Имено,по давање отказ по сопствена волја и одлука на применето лице на работно место наставник по Хемија по пат на јавен оглас,согласно законските прописи училиштето навремено доставило барање до основачот (општината)за добивање согласност за финансирање и вработување на ново лице.Од 10.10.2021 година до денес Училиштето нема добиено согласност од Општината како основач и неможе да вработи наставник кој ќе реализира настава по Хемија.Во меѓувреме за настанатиот проблем е известен и Државниот Просветен Инспекторат.
Како резултат на горенаведеното: -учениците во 8-мо и 9-то одделение не следат настава по предметот Хемија; -Наставната програма по Хемија според законски и програмски одредби не е реализирана; -Учениците(НАШИТЕ ДЕЦА)на крајот од првото тромесечие не се оценети по предметот Хемија; Како родители загрижени за нашите деца кои имаат уставно и законско право на образование,од Општината бараме образложение зошто досега не дала согласност за прием на наставник????? Бидејќи со истото е нанесена голема непоправлива штета на нашите деца.
Доколку веднаш основачот односно општината не даде согласност и не се реши проблемот НИЕ,родителите на учениците од ООУ Гоце Делчев-Подгорци ќе ја бојкотираме наставата,а исто така ќе ги превземеме сите останати мерки кои ни стојат на располагање!!!
Имајќи ја во предвид дотраеноста на градбата ( покрив- купола) на старата џамија на населба Подгорци, а се разбира и подобрувањето на нејзиниот облик, од пред неколку дена во консултации со џамискиот одбор, и џемаатот на населба Подгорци, се започна со реконструкција (обновување) на кровот и куполата на оваа џамија.
Според информациите кои можевме да ги добиеме, во оваа реконструкција, преден план ќе му се даде и на куполата која треба да го обележи обликот на оваа џамија на населба Подгорци.
Куполата е предвидено да биде зајакната со странични парапети, а нејзиниот покрив да биде покриен со бакар, се разбира нема да изостануваат и дрвените елементи.
Со реновирањето на покривот на оваа џамија превидено е исто така да се запази нејзината автентичност, облик и дијаметар.
Притоа би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои на било кој начин помагаат во спроведувањето на оваа наша активност, како финансиски така и со учество при нејзината реконструкција – стои во краткото известување од страна на Џамискиот одбор на населба Подгорци.
Идејното решение за изградба на новата купола и, покривот е изработено од страна на архитектот Фахрудин Бајрамоски, како одговорно и стручно лице задолжено за спроведување и надзор на ова реконструкција.


За секогаш вложен труд, и желба за постигнување на успех, не изостанува резулататот а тој секогаш со себе носи уште еден успех.
Таквата желба и труд, синоќа во Швајцарскиот град Цуг, нашиот шампион во Кик-Бокс, Бени Османоски го награди со уште еден успех во низата претходно кои овој борец успеал да ги нанижи.

Синоќа, Бени како предизвик – борба во местото Цуг во супер борба до 82 килограми, извојува уште една победа против Германскиот непобедлив нокаутер Себастијан Гиф.
Бев целосно подготвен и спремен за уште еден ваков предизвик, се разбира и физички и морално, и се разбира неизоставената поддршка од моите најблиски и семејството.
Пред се благодарение на Аллах, во рингот уште една со едногласна одлука на судиите ја потврдив мојата подготвеност, односно извојував уште една победа, која му ја посветувам на сите оние кои ја следат, почитуваат и поддржуваат мојата упорност во постигнувањето на победи во овој спорт – изјави за Дубаи Портал, Бени Османоски.

А, нас на редакцијата на Дубаи Портал, не ни преостанува ништо повеќе, освен на Бени да му честитаме на постигнатата победа-ниот успех, и да му посакаме уште многу вакви победи.
/ Фото, видео / Подгорци: Нека ни е за многу години и честит Курбан Бајрам (2022)
Најпрво, благодарноста му припаѓа на Возвишениот Аллах џ.ш, што и ова година ни овозможи да го дочекеме и овој голем исламски празник.
Празник кој за момент не потсетува на вредностите на кои треба да се вратиме, и да не забораваме. Вредностите како, помагањето, опростувањето, разбирањето и соживотот, вредности за кои Возвишениот пропишал награда за сите оние кои ја заслужуваат.
Празник кој за момент од зората (сабах) не обединува сите заедно на едно место, место каде со извршувањето на Бајрам намаз како да сака скриено да ни каже дека еве успеал да не покане и собере на едно место и се разбира укаже на вредностите кои треба да се почитуваат и на крај преку посетата и проучувањето на дова на мезарите (гробови) на нашите најблиски роднини, пријатели и браќа укаже дека каде ќе треба и на кого да му се вратиме, Возвишениот Аллах џ.ш.
Се разбира како и секогаш, така и оваа година од сите нас недостасува еден дел, а тоа се нашите роднини и пријатели, браќа и сестри, кои денес не се покрај нас заеднички да го прославиме и дочекаме овој наш светол празник. Ин ша Аллах да им даде и нив, среќа, здравје, благосостојба и риск во нивната работа, и Ин ша Аллах она за што сите ние копнееме заеднички да дочека некој друг наш празник, овде во нашите населби, и за момент да заборавиме на сите тешкотии со кои денес нашите печалбари се соочуваат во овие тешки времиња и заеднички нашиот празник да го направиве уште побогат поисполнет.
И на крај, во името на редакцијата на Дубаи Интернет Портал, по повод Курбан Бајрам, на сите припадници од исламска вероисповест да им посакаме се најдобро, во иднина, како и здравје, среќа и благосостојба во нивните домови, и пријатен претстој на нашите пелачбари кои за кратко ни пристигнаа во нашиве краишта заеднички да го дочекаме и прославиме овој наш празник.


Видеото можете да го погледнете Тука
/ Фото, видео / Подгорци: Од годинешниов традиционален излет 4-ти јули (2022)
Подгорчани, покрај голем број на други работи, познати се и по одржување и негување на традициите. Една од многу бројните традиции која и ден денес опстојува а низ неа поминале голем број на наши сограѓани Подгорчани од сите генерации, односно од најмалите па се до најстарите е 4-јули.
На оваа дата (4.ти јули), Подгорчаните се потсетуваат на традиционалниот излет кој секогаш заеднички во друштво со своите најблиски роднини и пријатели уште на 3-јули заминуваа во нашите познати Подгоречки бачила каде една вечер се претстојуваше во познатите традиционални рачно направени импровизирани колиби, шатори, па и оние од новоизградените викендици.
Во прилог на овојгодишен традиционален излет, Ви прикажуваме дел од забележаната атмосфера, каде при нашето пристигнување поголемиот дел од оние помладите генерации, кои веќе пристигнале уште од 1-јули веќе се подготвуваа за заминување кон своите домови, односно Подгорци.



Видеото може да го погледнете Тука
По повод предстојниот школски распуст, под мотото СРЕЌЕН РАСПУСТ “МИЛО ДЕТЕ” денес Директорката на ООУ Гоце Делчев-Подгорци Сабија Џемајлоска им приреди изненадување на сите деца (ученици) од 1-5 одделение.

Сите ученици добија подароци, а воодушевувањето, радоста и среќата не можеше да биде иѕоставена, од ваквата активност (иѕненадување).Нивната насмевка ме исполнува во целост и се ќе направам тие да се чувствуваат прекрасно.

Среќен распуст најмили мои им кажа директорката на учениците,Ви посакувам многу здравје,среќа и успех во во етапите на образовниот процес.Сакам да искажам голема благодарност до луѓето со големи срца и веднаш се озваја на моето барање за оваа иницијатива и ја покажаа својата хуманост во голема мера.

Голема благодарност до: План 21-Подгорци Хал маркет-Подгорци Подгорка-Подгорци Инфинити-Подгорци Нетто-Лабуништа, стои во краткото известување до нашата редакција од страна на директорката на оваа образовна установа, г-ѓа Сабија Џемајлоска.







