Почитувани, на инсистирање(барање) на наши членови за објавување на видео материјалот од оддржаниот протест на Подгорчани и пријателите на Подгорци под мотото Црвен картон за Советот на Општина Струга, оддржан на 24.12.2013 пред зградата на Општина Струга, Ви го претставуваме официјалното видео од овој настан.

Во продолжение Ви претставуваме дел од забележаниот настан, и иншала повеќе да не ни се повторуваат вакви работи.





Револтирани од одлуката донесена од страна на Советот на Општина Струга, со која системот за Водоснабдување и Комунални дејности на на населба Подгорци да се стави раководење на ЈКП Хигиена – Лабуништа, како и наплатување, Како и тргнувајчи од фактот дека на граѓаните на оваа населба треба да им се објасни новонастатаната ситуација, која се наметнува во нашава населба, како не би настанале одредени недоразбирања, Советот на Месната Самоуправа, денес со почеток во 16.30 часот во просториите на ОУ Гоце Делчев – Подгорци оддржа средба со граѓаните на кои им ги изнесе плановите и сите правни акти кои се превземаат од нивна страна, за да се промени оваа одлука со која Општината Струга преку ЈКП Хигиена, сака да нанесе неправда на оваа население.
