Интересно
Емине Ердоган: Турција е најефикасната земја во интервенцијата при елементарни непогоди во светот
Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кого го придружува во Њујорк каде се наоѓа по повод седниците на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН), говореше на панелот „Улогата на Турција против денешните хуманитарни предизвици“ во организација на огранокот во Washington DC на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).
Притоа Емине Ердоган истакна дека визијата на Турција за хуманитарна помош не се потпира на кредити, туку целосно на доставување на хуманитарна помош во вистинска смисла на зборот.
Г-ѓа Ердоган привлече внимание на големите болки и страдања кои што ги доживуваат луѓето кои живеат под притисок и зулум во Сомалија, Јемен, Сирија, Газа, Мјанмар.
Алудирајќи на извештајот за глобална хуманитарна помош Таа објасни дека во 2017 година имаат потреба од хуманитарна помош приближно 201,5 милиони лица, но додаде дека вистинската бројка е многу поголема.
Емине Ердоган истакна дека бројот на бегалците кои се згрижени во градот Килис на Турција е поголем од бројот на турските граѓани во овој град и напомена дека Килис е во руво во симболична смисла каде што кога се во прашање жените и децата кои бегаат од бомбите се оставени на страна сите пресметки и е град преплавен со милост.
Г-ѓа Ердоган потсети дека освен тоа Турција прави се што е во нејзина можност по прашањето на доставување хуманитарна помош на голем број земји во Африка и во Мјанмар и Газа.
Велејќи дека лично ги виде на лице место човечките трагедии кои што се доживуваат во Пакистан, Сомалија и Мјанмар, Емине Ердоган нагласи дека меѓународната заедница падна на испит по прашањето на доставување помош на загрозените кои имаат потреба од хуманитарна помош во сиве овие земји.
Таа подвлече дека Турција е најефикасната земја во интервенцијата при елементарни непогоди во светот и потсети дека Таа освен тоа што им обезбедува места за сместување на Сиријците се обидува и да ги обучува жените за да се стекнат со различни занимања за да се одржат во живот во камповите каде што повеќето од половината го сочинуваат жени и деца.
Емине Ердоган појасни дека Турција на ист начин дава поддршка во обучување и доставување помош во опрема за да обезбеди да го откријат својот потенцијал луѓето и во Африка.
По говорот на сопругата на претседателот Ердоган госпоѓа Емине Ердоган на говорницата излезе големата ќерка на Малколм Икс, Елјеса Шахбаз која го својот говор нагласи дека Турција служи за пример по прашањето на хуманитарната помош.
„Татко ми велеше ‘ако го научите еден маж нешто ја едуцирате една заедница, а ако ја научите нешто една жена ја едуцирате целата нација’. Чувствувам гордост од тоа што ноќва сум заедно со оваа извонредна жена, мојата хероина убавата Фирст Лејди.“
TRT
По честите напади на волците на стадата овци во една фарма во близина на градот Сиена во регијата Тоскана во Италија и усмртувањето на голем број овци, во општинското собрание на овој град на дневен ред се поставени туските кучиња Кангал кои се сметаат за најсилна и воедно најбарана овчарска раса куче во светот.
Кучињата од расата Кангал се познати по нивната брзина, вештина, инстинктот за заштита на стадата, способноста за живот во природа и по тоа што можат да задават волк.

Хусејин Јилдиз, раководителот на Центарот за дресирање и одгледување на расното куче Кангал од централна Анадолија, инаку во својство на најзначаен одгледувач в оградот Сивас истакна дека Италија донесла правилна одлука и дека единственото куче кое може да се справи со волците е Кангалот.
Велејќи дека со секој поминат ден се повеќе се зголемува значењето на кучето Кангал во светот, Јилдиз рече дека оваа раса кучиња се професионални кучиња-чувари.
Хусејин Јилдиз нагласи дека најдобрата раса куче-чувар во светот е кучето Кангал и рече: „Кучето Кангал е професионално куче-чувар. Не постои втора раса овчарско куче кое би можело да го брани и чува стадото подобро од него.“
Потсетувајќи дека кучињата Кангал се користат како куче-чувар на стада во глем број делови о ветот и дека кучињата Кангал кои некогаш беа исратени во Канада таму успеаја да се справат со волците, Хусејин Јилдиз напомена дека кучињата од расата Кангал е забрането да се изнесуваат во странство и дека за тоа треба да се добие дозвола од министерството за земјоделство.
Кучето Кангал, најсилното и најбараното овчарско куче во светот…
Во околината на Сивас има 17 поголеми и помали населени места или населби од кои најпознатата е населеното место Кангал. Кангал освен тоа што е име на населеното место, воедно е име и на познатите расни кучиња кои овчарите од овој предел на Анадолија ги користеле како чувари на стадата неколку векови наназад.

Кучето Кангал е чистокрвно овчарско куче кое го нема во ниедно друго место во светот. Кучињата од расата Кангал се силни и крупни. Пораснат мажјак Кангал достигнува и до 75 сантиметри височина, а тежина и до 70 килограми. Женките се значително помали и послаби во пределот на градите. Живеат некаде од 12 до 15 години.
Сепак и покрај тоа што се силни и издржливи тие имаат мирен карактер, добро поднесуваат дресирање, приврзани се кон нивните стопани и се истакнуваат по храброста и пожртвуваноста. Кучињата од расата Кангал се познати по нивната брзина, вештина, инстинктот за заштита на стадата, способноста за живот во природа и по тоа што можат да задават волк.
Бојата на нивното крзно е светло кафеава, влакната им се куси и меки, а околу устата и ушите имаат црни дамки. Не само што се силни и издржливи туку кучињата Кангал се и доста интелигентни. Тие можат да ги разликуваат емоциите на стопанот од неговиот глас, изглед или однесување.

Големо и силно, кангалското куче е неверојатен чувар, нежен со деца, независен и заштитнички настроен. Сепак ова куче не е пожелно за сопственици кои немаат искуство со одгледување на кучиња, затоа што во неговата изразена индивидуалност се крие “тежок” ученик.
Извор:ТРТ
Претседателот Ердоган на просторот на ТЕКНОФЕСТ Истанбул слета со авион придружуван од авиони Ф-16
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на новиот изграден аеродром во Истанбул кае што се одржува Фестивалот за воздухоловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул дојде со авион кој беше придружуван од авиони Ф-16.
Ердоган на новоизградениот аеродром во Истанбул кој воедно е и најголемиот аеродром во светот слета облечен во пилотска униформа.

Авионот „АТА“ во кој се наоѓаше претседателот Ердоган беше придружуван и од авини Ф-16.
Извесно време авионот на Ердоган реализираше ниско летање при што ги поздрави гаѓаните кои беа собрани на просторот на фестивалот ТЕКНОФЕСТ и потоа слета на земјата. Претседателот Ердоган беше пречекан од страна на голем број млади и притоа можеше да се види дека на себе има пилотска униформа со претседателска ознака-форс.
Авионот „АТА“ во кој се наоѓаше претседателот Ердоган беше придружуван и од авион Ф-16 со кој пилотираше министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање пред посетителите на ТЕКНОФЕСТ Истанбул им честита на оние кои имаат заслуга и труд во организирањето на оваа манифестација за која што рече дека се оценува како симбол на Националниот технолошки потег на Турција, а воедно им честита и на младите кои беа добитници на награда на одржаните технолошки натпревари на кои учествуваа.
Претседателот Ердоган ги покани на платформата ученицит доитници на медали на нучните натпревари и преставниците на партнерите на ТЕКНОФЕСТ со кои се сликаше и истакна дека оваа организација се најде меѓу првите организации од овој вид во светот.


Ердоган во рамките на посетата на САД ќе одржи говор на Генералното заседание на ОН
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во рамките на посетата на САД на 25 септември ќе одржи говор на седницата на Генералното заседание на ОН а исто така ќе одржи средби со претставниците на инвестиционите и бизнис средини.
Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на канцеларијата на претседателот, во рамките на состаноците на Генералното заседание на ОН што ќе се одржи од 23 до 27 септември 2018, Ердоган ќе престојува во посета на САД.
Претседателот Ердоган првиот ден на седницата на Генералното заседание што ќе се одржи на 25 септмеври ќе одржи говор.
Според соопштението, Ердоган за време на престојот во Њујорк ќе одржи низа билатерални средби со шефовите на држави и премиери на другите земји учеснички на Генералното заседание на ОН.
Ердоган во рамките на посетата ќе одржи средби со претставниците на американските инвестициони и бизнис средини, идејните лидери, турските и муслимански здруженија.
МОСКВА: Израелскиот амбасадор повикан на разговор заради уривање на рускиот воен авион
Нема сомнение дека Москва финансира проруски групи во Македонија со цел неуспех на референдумот за името на земјата, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис пред новинарите во авионот за време на летот до Скопје.
– Тие префрлија пари, а исто така, спроведуваат кампањи за пошироко влијание, рече Матис, кој утрово допатува во Македонија, јави „Вашингтон пост“.
– Треба да го оставиме македонскиот народ сам да одлучи, оцени американскиот министер, осудувајќи ги руските напори да ги искористат своите пари и влијание за да се изгради опозиција на престојното гласање што на земјата ќе и го отвори патот до НАТО – на што Москва се противи, наведува „Вашингтон пост“.
Весникот наведува дека на 30 септември Македонците ќе гласаат за тоа дали да се одобри новото име – Северна Македонија во обид да се смири Грција, која со години го блокираше патот на Македонија кон НАТО и Европската унија. Но, на секој напредок кон членството во НАТО на балканската држава остро се спротивставува на Русија, која не сака Алијансата да се прошири на подрачјата што порано беа под влијание на Москва, потенцира „Вашингтон пост“.
Весникот потсетува дека Матис е најновиот во низата меѓународни лидери кои ја посетуваат Македонија за да искажат поддршка за референдумот, а воедно тој е и највисокиот официјален претставник на САД што ја посетил земјата. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, германската канцеларка Ангела Меркел и австрискиот канцелар Себастијан Курц, ја посетија државата и дадоа јавна поддршка за промена на името, велејќи дека е круцијално за земјата да влезе во НАТО по неколкугодишно чекање.
Матис рече дека тој и другите сојузници од НАТО го кажуваат јавно она што го мислат.
– Ние не даваме пари на луѓето зад сцената, ние не ги спојуваме партиите што ги контролираме или се обидуваме да ги контролираме, потенцира Матис.
– Постои оваа кампања за влијание, со која се обидува да се купат луѓе и обид да се поддржат проруските организации, изјави Лаура Купер, американски заменик-помошник секретар за одбрана, одговорна за Русија и регионот. Таа рече дека не може да даде детали за исплатите, но рече дека САД е свесна за финансиската поддршка што Москва ја дава на про-руските поединци и групи кои работат на поткопување на референдумот.
Русија „сега со дезинформации и други форми на малигни влијанија се обидува да го смени мислењето на македонскиот народ, вели таа и како примери ги наведе напорите да се убедат луѓето дека гласањето не е релевантно и оти не е последниот чекор за влез во НАТО.
Евелин Фаркас, експерт за регионот и поранешен советник во Министерството одбраната оцени дека посетата на Матис на Македонија може да помогне за зголемување на поддршката за промена на името.
– Мислам дека Матис може да оствари напредок преку испраќање силна порака до опозицијата, која е незгодно тивка, дека тие треба да излезат со целосна поддршка, бидејќи нема да добијат подобра шанса подоцна, рече Фаркас. -Тој може да им каже дека ова е нивна последна шанса, вели таа за „Вашингтон пост“.
Фаркас, кој неодамна беше во Македонија, исто така рече дека посетата ја потврдува посветеноста на Америка на регионот и потребата за стабилност во тој дел на Европа.
Извор:НоваТВ/Фото:МИА
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави историски промени и новитети во воспитно-образовниот процес во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Турција утре започнува новата школска година, а по овој повод турскиот претседател Ердоган објави порака во која наведе дека ова е период на реформи на сите полиња, откако земјата премина во претседателски систем на управување.
„Подготвуваме историски промени во воспитно-образовниот процес кој бара голема трпеливост, труд, искреност и откажување“, порача Ердоган, и им посака многу среќа и успех на сите ученици и наставници во Турција.
Истакнувајќи дека квалитетниот воспитно-образовен систем е одлика на водечките земји во светот кои имаат силна економија и општествена структура, Ердоган наведе дека изградбата на таков систем е важна и за остварување на целите на Република Турција, која има богато културно-историско наследство, млада и динамична популација, способна за големи достигнувања.
„Во борбата за остварување на националните цели и за нивна реализација, најголема сила ни се квалификувани, самоуверени и духовно и патриотски освестени генерации“, порача турскиот претседател, и додаде дека турските власти во изминатите 16 години ги имаат подредено сите капацитети и можности за развој на образовниот систем.
Ердоган наведе дека е свесен дека развојот на технолошките капацитети, модерните школски објекти и инфраструктурата не се доволни за квалитетен воспитно-образовен процес, туку дека клучна улога во тоа има и квалитетниот наставен кадар, во кој Турција, исто така, многу вложува.
Израелска компанија соопшти дека измислила првокласна опрема за да ги заштити учениците за време на училишните престрелки – непробоен ранец, отпорен на куршуми објави АП.
Компанијата “Masada-Armor” соопшти дека нејзиниот ранец може да се претвори во заштитна елек за помалку од две секунди.
Стандардната верзија е отпорна на куршуми отстрелани од пиштолот, додека напредната верзија е отпорна на оние на пушката.
Сопственикот на компанијата, Јаир Розенберг, вели дека производот е дизајниран да ги заштити учениците од масовни напади.
“Луѓето бараа решение и ова е многу корисно”, рекол Розенберг.
Како што додава, во времето кога училиштата станаа воени зони, интересот за таков производ растеше.
Основната верзија е тешка околу три килограми и чини 500 долари, додека надградената верзија чини 750 долари.