Интересно
Последиците од земјотресот и цунамито и понатаму видливи, “пловечка“ џамија во Индонезија

И покрај катастрофалниот земјотрес кој на 28 септември го погоди индонезискиот остров и цунамито што следуваше, џамијата на брегот на Палу не беше срушена или оштетена, јави агенцијата Анадолу (АА).
Џамијата “Еркем Баб Ел Рахман”, изградена на асмиот брег, после земјотресот и цунамито, се наоѓа во вода. Затоа го и доби името “пловечка џамија”.
Нарјо Јатемо, еден од локалните жители, изјавил дека џамијата не била срушена во земјотресот, како и повеќето објекти, но цунамито ја повлекло во морето.
Снимките од земјотресот од Палуа покажуваат срушени и поплавени згради. Снимката на непознат автор покажува ужасни глетки и цунами, кој беше покренат по земјотресот. Исто така, се гледа и едно тело за време на потрагата на спасувачките екипи.
Според прелиминарните извештаи на БНПБ, во текот на катастрофата оштетени биле повеќе од 70.000 стамбени објекти и училишта, а близу 63.000 луѓе згрижени се во шаторски населби.
Уште еден доказ, Кашоги влегува во Саудискиот конзулат, а потоа доаѓа црно комбе
Footage from Turkish TV of alleged #JamalKhashoggi Saudi assassination team entering into Turkey on private jet, going to, and leaving, Saudi consulate in Istanbul, last Tuesday. Note black van. pic.twitter.com/yU2LgBrbHY
— WikiLeaks (@wikileaks) October 10, 2018
Приватна турска телевизија, “Njuz čenel 24”, објави видео од исчезнатиот писател и новинар Џамал Кашоги, како влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
На тоа видео, исто така, се гледа и црно комбе, кое подоцна оди во куќата на Конзулот.
ТВ-станицата, блиска до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, укажува дека Кашоги бил во црното комбе “Мерцедес Вито”, објави АП.
Се тврди и тоа дека комбето се движело некаде околу два километри до домот на конзулот и потоа влегло во гаражата.
Турските представници тврдат дека Кашоги бил убиен во конзулатот минатата недела, додека пак Судиска Арабија таквите тврдења ги отфрла како неосновани.
Кашоги (59) исчезна пред една недела, откако влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да добие документи потребни за склучување на брак со својата турска свршеничка.
Турски официјални лица стравуваат дека е убиен во комплексот на конзулатот, додека саудиските власти велат дека тој ја напуштил зградата неповреден, ама не обезбедија докази дека тој некогаш ја напуштил зградата. Сликата на Кашоги што влегува во конзулатот претходно беше објавена од страна на Вашингтон пост, за кого работеше овој новинар.
Kaшоги ја напушти Саудиска Арабија минатата година, откако ги критикуваше саудиските политики во Јемен и притисоците кои се вршат врз критичарите на власта.
СИРИЈА /Договор Турција – Русија : Завршено повлекувањето на тешкото оружје од фронтот во Идлиб
Сириската опозиција и другите антирежимски групи денес го завршија повлекувањето на сето тешко вооружување од линијата на фронтот во Идлиб, северозападна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дописникот на АА, силите го повлекле тешкото вооружување од зоната без судири во Идлиб, од линијата на разграничување со сирискиот режим и сојузничките групи поддржани од Иран.
Претходно, во текот на денот, опозициски извор за АА изјави дека опозицијата работела во текот на изминатите денови и во текот на вчерашната ноќ на повлекувањето на тешкото оружје, вклучувајќи ги и ракетните лансери „Град“, минофрлачи и ракети со среден дострел.
Во меѓувреме, турските сили испратија оружје и оклопни возила во демилитализираната зона за да се подготват за патроли со руските сили, согласно договорот склучен меѓу двете земји. Извори од сириската Цивилна одбрана „Бели шлемови“ истакнаа дека тројца цивили се убиени во режимските напади во населените области во зоните без судири во подрачјето на Идлиб, Хама и Латакија.
По состанокот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот руски колега, Владимир Путин, во рускиот град Сочи минатиот месец, двете земји се согласија да се формира демилитаризирана зона во Идлиб, последното упориште на опозицијата во Сирија.
Анкара и Москва, исто така, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се повикува на стабилизирање на ситуацијата во зоната без судири во Идлиб.
Во рамките на Договорот, опозициските групи во Идлиб ќе останат во областите во кои се веќе присутни, додека Турција и Русија ќе спроведуваат заеднички патроли во областите, со цел спречување повторни судири.


Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ) подготви посебни пакети по намалена цена за летови за голем број градови од Балканот, Кавказот и други региони по цени од 110 евра, во кои се вклучени сите трошоци, јавува Anadolu Agency (AA).
ТХЈ која лета во најголем број земји од светот, подготви прифатливи аранжмани за љубителите на патувањето, кои можат од голем број земји, претежно балкански, да патуваат во Истанбул за цена од 110 евра.
Во понудата на „Туркиш ерлајнс“, повратен билет за Истанбул од Скопје, Сараево, Подгорица, Приштина, Загреб, Софија, Тирана, Дубровник, Љубљана и Кишинев изнесува 110 евра, од Букурешт 120, додека од Белград 130 евра.
Станува збор за цена на повратен билет со сите вклучени трошоци.
Љубителите на патувањата можат да ги искористат намалените цени за Батум, Тбилиси, Харков, Баку, Лавов, Херсон, Запорожје, Киев и Одеса. Повратните билети од Истанбул чинат од 110 до 150 евра.
Пакетот на намалени цени на летови се однесува на ограничен број места и заинтересираните патници своите билети можат да ги купат до 15 октомври, со важност за летовите до крајот на март наредната година.
За повеќе детали за акциските и редовните цени на летовите на „Туркиш ерлајнс“ можете да се информирате во канцелариите и на службените интернет-страници на компанијата (www.turkishairlines.com).
„Туркиш ерлајнс“ е основан 1933 година, со пет авиони. Денеска таа е реномирана турска авиокомпанија со светско реноме која брои 330 авиони и лета кон 255 странски и 49 турски дестинации. ТХЈ е наградувана компанија, членка и на глобалниот авиопревознички сојуз „Star Alliance“.
Турската компанија за Воена електронска индустрија АСЕЛСАН со сигурни чекори продолжува со активностите во сферата на торпедото „Hard-Kill Torpido“ (одбранбено торпедо против торпедо) на кое работат ограничен број земји и кое оружје се очекува да биде едно од најзначајните подводни оружја во блиска иднина.
Најефикасна одбрана против заканата од торпедо за подморниците и бродовите е заедничката употреба на методите soft-kill (функционално уништување) и hard-kill (физичко уништување).
АСЕЛСАН одреден период се бави со активности за развој на технологиите на тоа поле.
Во рамките на активностите кои ги реализира со поддршка на Установата за научно-технолошки истражувања (ТУБИТАК), компанијата за кратко време го произведе прототипот на вртежниот момент на одбранбеното торпедо против торпедото и почна да ги стекнува со првите искуства.
Торпедото Торк успешно ги помина поморските тестови кои беа реализирани со сонарен пребарувач кој првпат беше произведен во Турција.
Во рамките на тестовите торпедото Торк надводните цели ги утврди со сонарниот пребарувач и со координационата способност успешно се насочи кон нив. Со наведените тестови кои првпат беа реализирани во Турција беше надминат уште еден значаен праг во сферата на торпедото и борбата против торпедото.