Предвремени избори 2020
Коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со предност од три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, а со можност за уште еден или два повеќе, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција.
-Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој со убедлива и стабилна предност во моментов од над три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за еден или два уште повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалицијата на овие парламентарни избори, најголемата, најразноликата, најмоќната и победничката, тоа е „Можеме“, рече Заев.

Нагласи дека волјата на нардото се потврдила. -Излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина за заедништво и солидарност, за економски патриотизам, за ред и правда. Излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно не, додаде Заев.
Истакна дека имавме избори, кои и доликуваат на земја-членка на НАТО, која граби кон ЕУ. Изборите ги оцени како достоинствени, слободни, демократски, безбедни и современи.
-Ви благодарам на сите кои денеска бевте активни учесници во ова ново поглавје од современата македонска демократија , сите вие кои излеговте на овие избори, сите вие кои го остваривте вашето избирачко право и кои учествувате во враќањето на капацитетите на институциите и сите кои презедовте одговорност. Ви благодарам на сите, рече претседателот на СДСМ.
Изрази задоволство што граѓаните ги препознале вистинските вредности и им дале можност да ги продолжат нивните прогресивни заложби за убава иднина на земјата.
-Денеска концептот парите кај граѓаните го порази концептот обнова на режимот. Концептот на интеграција го порази концептот на изолација. Концептот што влече силно напред го порази концептот што сакаше да враќа назад. Концептот едно општество за сите ги порази лажниот патриотизам , конфликтите и поделбите. Време е сите мрачни назадни концепти да завршат во неповратно минато, а партиите кои нудеа вакви поразителни политики да започнат процес на реформирање на обновување, истакна Заев.
Нагласи дека со поддршката што ја добиле граѓаните ги задолжиле со голем одговорност.
-Патот е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште подобро. Ве уверувам дека ќе продолжиме тоа да го правиме и во иднина со многу научени лекции за нас и со големи проблеми решени и оставени зад нас. Следуваат раст на платите и враќање на парите на граѓаните уште повеќе. Следува масовно чистење на воздухот, водата и почвата следува еко држава, следува уште поголема грижа за сите граѓани, на кои им е потребно. Подаваме рака на секој на којшто му треба поддршка и помош. Следува уште подобра заштита на вашето, на нашето, на јавното здравје. Следуваат преговори со ЕУ и конечно народе мој следува правда, рече Заев.
NovaTV
МОСТ: Поради тесните резултати и маргина на грешка не може да проектираме мандати по изборни единици
Граѓанската асоцијација МОСТ поради тесните резултати и маргината на грешка не е во можност врз основа на досега преброените гласови да ја проектира распределбата на мандати по изборни единици.
– Што се однесува до резултатите од изборите, поради тесните резултати и маргината на грешка која ПВТ примерокот ја продуцира, МОСТ не е во можност да ја проектира распределбата на мандати по изборни единици, рече на вечерашната прес-конференција Алексов.
Тој истакна дека распределбата на мандати може да ја направи само ДИК и тоа откако ќе бидат обработени сите податоци од сите избирачки места.
Според МОСТ во изборната единица 1, со максимална маргина на грешка 2 проценти, ДПА освоила – 0,85 отсто, Политичка партија Демократи – 0,1, Коалиција Можеме – 33,81, Левица – 7,32, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 9,31, Глас за Македонија – 0,51, Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,38, Интегра – 1,37, ДУИ – 11,99, СДУ Скопје – 0,5, Единствена Македонија – 0,24 и МОРО – Работничка Партија – 0,35, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 32,48 и Твоја партија – 0,8 проценти.
Во изборната единица 2 – максимална маргина на грешка 1,9 отсто, ДПА освоеила 1,13 отсто од гласовите, Политичка партија Демократи – 0,15, Коалиција Можеме – 32,8, Левица – 3,73, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 13,48, Глас за Македонија – 0,29, Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,24, Интегра – 1,53, ДУИ – 14,03, СДУ Скопје – 0,29 Единствена Македонија – 0,3, МОРО – Работничка Партија – 0,28 проценти, Народна партија на Ромите – 0,73 отсто, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 30,74 проценти и Твоја партија – 0,28 проценти од гласовите
Во изборна единица 3, со максимална маргина на грешка 1,4 отсто ДПА добила 0,15 отсто од гласовите, Политичка партија Демократи – 0,2 отсто, Коалиција Можеме – 42,67 отсто, Левица – 4,55 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 0,78, Глас за Македонија – 0,31, Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,96, Интегра – 1,7, ДУИ – 2,44, СДУ Скопје – 0,29, Единствена Македонија – 0,31, МОРО – Работничка Партија – 0,52 и Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 45,12 проценти.
Во изборна единица 4, со максимална маргина на грешка 1 отсто, Политичка партија Демократи – освоила 0,23 проценти од гласовите, Коалиција Можеме – 46,37, Левица – 4,15, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 0,15, Глас за Македонија – 0,35, Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,24, Интегра – 1,58, ДУИ – 0,31, СДУ Скопје – 0,32, Единствена Македонија – 0,43, МОРО – Работничка Партија – 0,44, а Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 45,43 проценти.
Во изборна единица 5, со максимална маргина на грешка 2 проценти, ДПА освоила 0,55 проценти, Политичка партија Демократи – 0,33, Коалиција Можеме – 36,15, Левица – 3,13, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 7,1, Глас за Македонија – 0,25, Граѓанско-демократска унија – ГДУ – 0,43, Интегра – 1,15, ДУИ – 13,85, СДУ Скопје – 0,28, Единствена Македонија – 0,2, МОРО – Работничка Партија – 0,3, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 36,12, а Твоја партија – 0,18 проценти.
Според МОСТ во изборна единица 6, со максимална маргина на грешка 1,6 отсто, ДПА освоила 7,64 проценти, Политичка партија Демократи – 0,17 отсто, Коалиција Можеме – 20,26, Левица – 1,53, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 26,21, Интегра – 0,44, ДУИ – 29,74, Единствена Македонија – 0,29, МОРО – Работничка Партија – 0,21, а Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – 13,53 проценти.
Според податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ), која претставува математичко-статистичка научна метода, според МОСТ, одѕивот на гласачите по изборни единици е во ИЕ 1 – 53,42, во ИЕ 2 – 49,53, во ИЕ 3 – 57,76, во ИЕ 4 – 61,85, во ИЕ 5 – 51,13 и во ИЕ 6 – 40,84 проценти.
TV21
Од 93% обработени податоци, „Можеме“ 36,13%, ВМРО-ДПМНЕ 34,65%, ДУИ 11,57%, АА-ААА 8,79%
Од обработени 93,96 отсто од избирачките места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,13 отсто од гласовите, пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 34,65, ДУИ 11,57, Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, Левица 3,96, ДПА 1,48, а Интегра 1,33 отсто.
ГДУ освоила 0,37 отсто од гласовите, МОРО 0,36 , Глас за Македонија 0,3, Единствена Македонија 0,29, СДУ 0,27, Твоја 0,2, Демократи 0,17, а Народна партија на Ромите 0,15 отсто од гласовите.
Портпаролот на ДИК Адмир Шабани на прес-конференција рече дека вечерва нема да биде соопштено која партија колку мандати освоила. Распределбата на манадатите, како што додаде, ќе биде направена утре откако ќе бидат добиени и целосно обработени сите податоци.
Шабани повтори дека веб страницата на ДИК била цел на надворешен хакерски напад и дека стручни лица работат на нејзино повторно ставање во функција, а надлежните институции ќе треба да утврдат што точно се случило.
Од околу петнаесетина проценти од отсто од пребројаните гласови коалицијата „Можеме“ води со мала предност пред коалцијата предводена од ВМРО-ДППМНЕ. Според последните информации од ДИК, 34,84 отсто од гласовите, а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ добила 34,04 отсто од гласовите.
Сепак ова се податоци од пребројани 548 избирачки места со оглед на тоа дека веб страницата на ДИК не функционира повеќе од половина час поради проблеми со серверот.
Според овие податоци, ДУИ има 12,52 проценти , Алијанса на Албанците, Алтернатива – 10,38 проценти , а од помалите партии, Левица 3,5 проценти, „Интегра“ има 1,15 отсто.
А, иако веб сајтот на ДИК сеуште е недостапен, Сител ТВ обработени на ДИК: СДСМ 36.78, ВМРО-ДПМНЕ 35.75, ДУИ 10.31, АА и А 8.13
Веб сајтот на Државната изборната комисија, каде што треба да се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори постојано паѓа, што не е воопшто преседан за оваа институција.
На rezultati.sec.mk јавува грешка со серверот на веб сајтот.
Од 2006 година до минатите избори сајтот на ДИК го одржуваше „Ај Воут“, а оваа година јавната набавка ја доби „Дуна“. /NovaTV
До 20:30 часот излезноста на предвремените парламентарни избори, во сите шест изборни единици е 50,84% отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија на вечерашната прес-конференција.
ИЕ 1 – 52,17%
ИЕ 2 – 47,97%
ИЕ 3 – 57,37%
ИЕ 4 – 59,79%
ИЕ 5 – 50,16%
ИЕ 6 – 39,23%
Гласачите места се затворија, заврши процесот на гласање за избор на десеттиот по ред парламентарен состав. На лицата што се затекнале во објектот околу 21 часот ќе им се овозможи да гласаат.
По затворањето на гласачките места записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори го доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето.
Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записници и ги предава на ДИК.
ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
ДИК конечните резултати од изборите ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
TV21
ВИДЕО: Инцидент во Тетово – советник на Чулев физички нападнал началник од Тетово
Советникот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Зоран Ѓорѓевски-Чикаш, го нападна началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во Тетово, сведочат лица што се нашле на местото на настанот, пишува порталот „Локално“, кој објави и видео од инцидентот.
На видеото може да се види дека на местото на настанот има уште неколку лица што интервенирале и спречиле да не дојде до поголем инцидент.
Советникот на Наќе Чулев се обидува да предизвика инцидент на денот на изборите во Тетово.
Господа од ДПМНЕ тече низ ногавици а? pic.twitter.com/jODk4pirLG— Dimko (@ddimkooooo) July 15, 2020
Nezavisen
Пријавени уште нерегуларности во МВР: Убедување за гласање во Шуто Оризари, обид за поткуп во Кочани, Битола, Прилеп…
Во периодот од 11.00 до 12.00 часот во МВР биле пријавени следниве настани во врска со изборниот процес.
- Околу 11.05 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зема другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка партија во ОУ „26-ти Јули“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Околу 11.12 часот во Полициската станица Бит пазар од политичка партија било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Никола Вапцаров“ на ул.„Дижонска“, околу 10 лица се движеле околу гласачкото место. Полициски службеници излегле на местото, но такви лица не биле затекнати.
- Од политичка партија од Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица вршат агитација врз гласачи на избирачките места бр.844 и бр.845 во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.
- Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека пред избирачките места бр.834 и бр.834/1 непознато лице со патничко возило вршело евиденција на лица кои се движат кон гласачките места. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот. - Во 11 часот во Полициската станица Кочани, П.П. од Кочани пријавил неправилност при гласањето пред ОУ,,Раде Кратовче“ во Кочани, односно дека З.С. наводно делел пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. - Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица со патничко возило во нас.Оризари носат организирано гласачи на гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека четири лица ги попречувале гласачите да го остварат своето право во нас.Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Во 10.35 часот во Полициската станица Крива Паланка, Н.Т. од Ранковце пријавил дека
лице од Ранковце доаѓало до избирачко место број 0987 со повеке луѓе и агитира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. - Во 11.05 часот во Полициската станица Крива Паланка, М.Т.С. пријавила дека на ул.„8-ми Септември“ неколку лица ги фотографирале граѓаните кои влегуваат да гласаат на избирачко место во градинка ,,Детелинка”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 15.07.2020 во Полициското одделение Ново Село, било пријавено дека во дворот на училиштето во селото каде биле сместени избирачките места Т.Ќ. вршел агитирање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така, по преземени мерки во врска со претходно пријавени настани, кои веќе беа објавени од МВР, утврдено е дека: - Во врска со настанот во кој Е.Е. од Битола пријави дека непознати лица и нуделе пари за гласање, биле преземени мерки и не биле потврдени наводите во пријавата.
- Во врска со настанот во кој Ф.Г. од Прилеп, пријавил дека пред ОУ „Климент Охридски“ во Прилеп група на граѓани вршеле агитирање, преземени се мерки и не се потврдени наводите во пријавата.
TV21
