СКОПЈЕ (АА) – Премиерот на Македонија и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, по завршувањето на лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека е постигнат договор за одложување на пописот на населението, домаќинствата и становите за наесен, поточно од 5 до 30 септември, јавува Агенција Анадолија (АА).
Попис 2021
И покрај предупредувањата дека одбивањето да се учествува во пописот и да се организира отпор е кривично дело и се казнува дури и со затвор, функционери на ВМРО-ДПМНЕ си прават политичка кампања на ова прашање. Така, Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на партијата, објави дека попишувачите ќе ги „избрка на клоци“, додека пратеникот Антонио Милошоски вели дека ќе ги прими, но само доколку покажат дека се вакцинирани, инаку нешто што не е задолжително според протоколот, што е најава за малтретирање и заплашување на тие што треба да го спроведат пописот, а кои немаат ништо со политика.
„Додека во Република Македонија пописот е термин кој означува попишување на секој Албанец во светот и е политичка операција во која со државни пари првенците на ДУИ шетаат по странство борејќи се за секој еден попишан Албанец, а за сите нас ,,останатите малцинства“ пописот означува статистичка операција за само резидентно население, кое е под закани од Заев и Апостол дека ќе биде кривично гонето со затворска казна од 5 години или останатите со казни од по 300 евра ако одбиваат да се попишат, еве ви кажувам, да не сум видел попишувачи кај мене пред врата. На клоци ќе ги дигнам!!!“, изјави Пандов.
За разлика од Пандов, Милошоски кој патем прележа Ковид 19, го условува приемот на попишувачите.
„Како родител на пет малолетни деца, како сопруг и човек кој според Закон за време на кризна состојба и епидемија е должен да го штити здравјето на најблиските, своето и здравјето на другите, нема да примам попишувач, доколку истиот не покаже книшка дека е вакциниран против Ковид19. Здравјето не може да се одложи, пописот може“, објави Милошоски.
На социјалната мрежа Твитер исто така се шири закана дека попишувачите кои ќе одат по куќите да го спроведат пописот, наместо од домаќините, ќе бидат пречекани од нивните агресивни кучиња.
„Кога ќе ве пречека шарпланинецот караман у двор ќе влезете утре сабајле кај мене. Бојкотирам попис“, гласи објавата на твитер профилот Наташа од Македон.Истата закана ја сподели портпаролката на Левица, Јована Мојсоска, која инаку пред да стане политички активна, во јавноста била позната како активист за заштита на кучињата (животните).
И твитер профилот Мариовец се заканува дека ќе го пушти кучето да гo „пречека“ попишувачот: „Многу сакам да му ја видам фацата на попишувачот кога ќе дојде да ме попишува и ќе треба да се запознае со караман мој“.
Од Владата истакнаа дека повикувањето на бојкот на пописот е кривично дело според член 387 на Кривичен законик.Во Член 387 од КЗ пишува:
(1) Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.
„NovaTv“
Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика ги отфрли забелешките дека кампањата за учество на пописот е насочена кон една етничка заедница, како што се создава вчечаток во јавноста. Таа соопшти дека главниот комуникациски канал се социјалните медиуми и контактите со здруженијата и организациии на иселениците низ светот, иако според неа некои од нив одбиле да соработуваат околу пописот. Таа најави за деновиве голема онлајн дебата во која ќе бидат вклучени сите тие и ќе можат да постават прашања околу дилемите што ги имаат околу статистичката операција.
Околу одзивот на пописот таа соопшти дека почнале да растат и бројките во САД, Канада и Австралија, покрај тие во Швајцарија, Германија и Италија, а се појавуваат и други земји во светот. Според последните податоци, во САД се самопопишале досега 5.110 иселеници, во Австралија 1.682, а во Канада 1.215 лица, додека во Швајцарија бројката надмина 40.000.
Околу одговорноста на тие што повикувуваат на бојкот, Ѓоргиева рече дека тоа е прашање со кое треба да се позанимаваат други институции. Ако има такви одбивања, нагласи таа, ќе се постапи според законските одредби во Законот за попис.
-Бојкотот не е опција зошто станува збор за исклучително важна операција. Тој е граѓанска обврска и е задолжителен.Бојкотот е и кривично дело, оттаму секој повик на бојкот подлежи на закон, а институциите ќе го применуваат во таков случај, нагласи портпаролот на Владата Душко Арсовски.
Тој посочи дека законска основа за казнување, вклучувајќи и затвор, е делото “организирање на отпор и непослушност кон законити мерки на државен орган“ од Кривичниот закони, но целта според него не е да се прави тоа. Тој нагласи дека предвидените казни се движат од парична до три години затвор за организаторот, а ако е отежнато спроведувањето на законитата мерка и ако делото го сторил во улога на водач на група, ќе се казни со затвор од пет години.
Од СДСМ реагираа исто така со соопштение во кое апелираа до граѓаните и иселениците да го сфатат пописот како граѓанска обврска.
-Пописот е најважна државничка работа и затоа е особено важно сите граѓани да учествуваат во него. Со учество на пописот секој поединец придонесува кон градење држава базирана на податоци, а не на претпоставки.Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата.
Истовремено, тече процесот на попишување на нерезидентното население, односно на нашите иселеници во дијаспората.Досега 137.111 македонски државјани во странство се самопопишале преку веб апликацијата, а процесот на самопопишшување ќе трае до 21 април. За поздравување е тоа што се зголемува интересот за попишување во дијаспората и очекуваме дека ова темпо ќе продолжи и во следниот период.Сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство.
Обидите за бојкот, за минирање на пописот не се само незаконски, тие се антидржавни.Повиците за бојкот и одлагање на пописот што често ги слушаме од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица се повици за пропаѓање на пописот. Тоа се антидржавни ставови кои не носат ништо добро, создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат сериозна штета за државата. Бојкотот на пописот е кривично дело.
Крајно време е да покажеме зрелост, одговорност и да му се придружиме на светот. Да не бидеме црна дупка на статистичката мапа и по цели 19 години да спроведеме попис согласно сите меѓународни стандарди. Секој од нас е повеќе од бројка, секој од нас треба да учествува во пописот, порачаа од СДСМ.
НоваТВ
Првиот вицепремиер Артан Груби, на својот „Фејсбук“ профил, објави дека досега се попишани 99.500 граѓани од дијаспората, од кои 11.500 во последните 24 часа.
„Нашата дијаспора е најдобра во светот“, напиша Груби на „Фејсбук“.
Diaspora jonë është me të vërtetë më e mira në botë 🌍
👏👏👏👏👏👏👏REGJISTROHU: https://census.stat.gov.mk/
Bashkë më…
Posted by Artan Grubi on Недела, 21 март 2021