Спорт
(Видео) ХАБИБ: Никој не зборува за навредувањето на мојата вера и семејство, ама појасот е тука Elhamdullilah
БЕЛГРАД (АА) – Небојша Петровиќ) Новото засилување на турскиот фудбалски клуб Бешикташ е српскиот репрезентативец Адем Љајиќ. Тој за Anadolu Agency (АА) истакна дека е горд што е дел од екипата на Бешикташ, фудбалскиот клуб со традиција.
Адем Љајиќ, во разговорот со новинарот на АА посочи дека и српската репрезентација и неговиот нов клуб Бешикташ, за симбол го имаат орелот. „Сега сум орел и на Бешикташ и на српската репрезентација“, рече Љајиќ.
По натпреварите во репрезентативниот дрес, Љајиќ истакна дека со нетрпение го чека моментот на тренинзите со „црно-белиот“ тим. „Се чувствувам горд што сум дел од Бешикташ, кој е фудбалски клуб со традиција. Ќе сторам сè што е во моја моќ, на најдобар начин да му се приклучам на клубот“, изјави Љајиќ.
Тој истакна дека негова единствена цел е на теренот да покаже добар перформанс, додавајќи дека е уверен дека ќе ги исполни очекувањата на навивачите.
Изразувајќи го своето задовоство што во Бешикташ ќе биде заедно со Гери Медел, неговиот поранешен соиграч од италијанскиот тим Интер, Љајиќ рече: „Се надевам дека клупските колеги ќе ми помогнат во приспособувањето во новата средина“.
– „Тошиќ ми даде корисни совети“
Љајиќ, велејќи дека одржал кратка средба со тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш, изјави: „Тренерот ми соопшти дека на теренот посакува да ме користи на неколку позиции, но се надевам дека ќе играм на позицијата за која сметам дека сум најдобар, а тоа е во линијата зад нападот“.
Љајиќ рече дека за влакно ја пропуштил можноста во Бешикташ да игра со својот репрезентативен колега, Душко Тошиќ. „По неговото заминување во Кина, поразговарав со него. Ми даде многу корисни совети. Особено околу животот и исхраната во Истанбул“, рече Љајиќ.
Зборувајќи за шансите на Бешикташ во УЕФА Лига Европа, Љајиќ го рече следното:
„Сметам дека сме поквалитетна екипа од Малме, Генк и Сарпсборг и нема да биде проблем да одиме во следната фаза од натпреварувањето. Потребно е да напредуваме од натпревар во натпревар, бидејќи секој натпревар со себе носи стапици и опасности. Прво да излеземе од групата, а потоа да сонуваме за поголеми успеси“.
Македонскиот фудбалер на Фенербахче од средниот ред Елиф Елмас доби покана за настап во македонската фудбалска репрезентација.
Соопштен списокот на фудбалерите кандидати за натпреварите кои што ќе одигра Македонија против Гибралтар и Ерменија во Лигата на нациите на УЕФА.
Меѓу поканетите фудбалери се наоѓа и фудбалерот на Фенербахче Елиф Елмас.
Според објавеното соопштение на интернет страницата на македонската фудбалска федерација, на списокот на поканети фудбалери на техничкиот директор Игор Ангеловски се наоѓаат 18 фудбалери.
Македонија во групата „Д“ од Лигата на нациите на УЕФА на 6 септември најпрвин ќе игра во гости против Гибралтар, а потоа на 9 септември ќе ја пречека на свој терен Ерменија.
Секоја чест. Анте Ребиќ им ги отплатил кредитите на сите од неговиот роден крај.
Анте Ребиќ му ги отплатил кредитите на цело село.
Анте Ребиќ пред самото финале ја направи Хрватска да се гордее со него.
Наиме, жителите на местото каде што ги направил првите чекори од кариерата, Долно Винјане(Donje Vinjane), му спремаат спектакуларен дочек, со поставени плакати низ улиците со неговото лице и навивачки пораки – Она што Анте Ребиќ го прави на светското првенство, може некој само со камени гени. Без почит, постигнува голови волеј од 20 метри, излегува еден на еден и го дрибла голманот. Ребиќ со своите крилни продори и лесно ослободување од противникот го крева стадионот на нозе. Играчот кој беше дел од третата лига, денеска вреди 50 милиони евра, но во неговиот крај тврдат дека парите нема да го променат. – пишува Индекс.
Неговиот најдобар пријател, Ловро Шиндик(Lovro Šindik), бивши колега од времето кога играл во Сплит и за младата репрезентација на Хрватска, за Аустрискиот лист Хојст, накратко изјави за тоа колку Анте е поврзан со неговиот роден крај.
Тоа е едно мало место, не многу далеку од Сплит. Анте на 19 години си замина во Италија, но никогаш не заборава од каде си заминал. Во селото, на сите им ги отплати кредитите. Тоа е едно мало село во кое живеат 500 жители. – прозборе шиндик за гестот за кој ќе се долго време ќе се зборува.
“Хрватска со ваква игра со срце, може се, одеме до крај”, додаде најдобриот пријател на Ребиќ.
извор: Index.
MD
Денеска ќе се одигра последниот натпревар од светското првенство.
Денеска е денот кои сите спортистите, љубителите на фудбалот, па и оние кои не се љубители на фудбалот, едвај го дочекуваат овој ден.
На стадионот „Лужники“ во Москва, во 17:00 ќе се игра финалниот натпревар од светското првенство помеѓу репрезентациите на Хрватска и Франција.
Ова ќе биде едно доста еуфорично финале, судејќи према онаа игра на Хрватите од претходните натпревари, борбеноста и завршниците, но, да не заборавеме дека и Французите имаат еден свој типичен стил на игра кој добро знаат да ја држат топката и непосакуваниот резултат.
Ова може да биде еден проблем за Хрватите ако, како и во претходните натпревари примаат гол во првите 10-20 минути, тоа навистина може да биде еден таканаречен проблем бидејќи Французите кога се во водство добро знаат да ја земаат играта под контрола и бранат.
Сепак, како љубител на фудбалот од балканските простори уверен сум дека Хрватска може, има сили, има истрајни има борбени играчи, има одличен голман кој ќе го брани својот гол, има одбрана која го штити од било какви продори во шестнаестерецот, има најдобра средина на мундијалот која знае да биде и офансивна и дефанзивна и да забие гол, а има и напад од кој противникот треба да се пази во секој момент бидејќи знаат да забијат гол на секаков начин.
Медиумите во Хрватска тврдат дека Далиќ не планира да прави сериозни промени во однос на екипата која го обезбеди овој пласман и одигра одлично на последните натпревари, но ќе биде принуден за една замена
Хрватските медиуми пренесуваат дека Далиќ нема да направи сериозни промени во составот кој му обезбеди влез во полуфиналето и финалето, но овој натпревар, тој е принуден да го замени Иван Стриниќ кој беше принудно заменет на дуелот со Англија, па се лини дека Хрватскиот селектор нема да ризикува и на неговото место ќе го стави Јосип Пивариќ, кој на оваа првенство има одиграно само 201 минута, каде најсолиден впечаток остави баш во полуфиналниот натпревар против Англија.
На нас , ни останува само да им посакаме среќа на Хрватската репрезентација и многу успех и на наредните првенства.
текст: MD
Џоковиќ: Верував дека ќе успеам, ова се мечевите за кои работите, тренирате и живеете.
Новак Ѓоковиќ по голема борба која траеше два дена успеа да излезе како победник од полуфиналната пресметка со Рафаел Надал и да дојде до финалето на Вимблдон.
Ова за Ѓоковиќ ќе биде прво финале на најголемите турнири по 2016 година (Ју-Ес Опен), а можност да дојде до четвртиот пехар на грен слемот во Лондон.
-Тешко е да се одберат зборови. Минувам низ некои работи и „флешбекови“ веќе 15 месеци и се што минав за да можам да дојдам до ова, да победам ваков играч, можеби најдобриот на светот. Ова можеби е најдобриот меч што го имама одиграно, -рече Ноле и додаде:
-Мечот можеше да го добие и другата страна. Јасно е на сите дека не одвојуваат ситници. Верував, ама до самиот крај не знаев да ли ќе победам или не. Имаше и тој свои шанси.Ова се мечевите за кои работите, тренирате и живеете, -порача Ѓоковиќ коментирајќи го следниот меч, финалето со Кевин Андерсон.
-Се надевам ќе можеме двајцата да играме. Беше тешко за него, особено во последните мечеви, ама тој имаше еден одмор. Ама тоае што е, јас сум во финалето на Вимблдон и тоа е неверојатно, -заврши Џоковиќ.
MD
Белгија стигна до најголемиот успех во својата историја на Светските фудбалски првенства откако го освои третото место.
„Црвените ѓаволи“ ја совладаа Англија со 2-0 во утешниот натпревар за бронзениот медал. Со еден гол на стартот на натпреварот и еден во финишот, Белгијците и по втор пат ги совладаа Англичаните на овој Мундијал, откако и претходно славеа со 1-0 во групната фаза.
Томас Мение го отвори резултатот во четвртата минута. Англија во вториот дел имаше неколку добри шанси за израмнување пред се преку Ерик Дајер, па откако не реализираше, победата на Белгија ја запечати Еден Азар во 82-та минута.
Утре во големото финале во Москва на „Лужники“ ќе се сретнат Хрватска и Франција.
извор: Telma.
MD
Официјално од Ливерпул вечеров го потврдија нивното ново засилување, Џердан Шаќири кој доаѓа од Стоук Сити.
Швајцарскиот репрезентативец се сели на Енфилд после реализираниот трансфер, за кој Ливерпул плати 15,3 милиони евра.
Шаќири од 2012 до 2015 година играше за германскиот гигант Бајерн од Минхен, потоа еден краток период во Интер од Милан, па Стоук и сега започнува нова сезона со Ливерпул.
Неговата статистика во Стоук кажува дека во 84 натпревари успеал да постигне само 15 голови во англискиот Премиершип.
Останува да видиме како ќе се снајде во новата средина, под раководство на Јирген Клоп.
MD
Еден од најталентираните штопери во Примерата, е ново засилување на Барселона.
Денес, еден од најталентираните обрамбени играчи во Примерата, Клемен Ленгле(Clément Lenglet), е новото засилување на шампионот на Шпанија, Барселона.
Ленгле е обрамбен играч кој има 23 години, доаѓа од Севиља за трансфер тежок €35,9 милиони евра.
Утре ќе се комплетира целосно неговиот договор со шампионот на Шпанија, а Ленгле ќе стави потпис до 30. јуни 2023. година.
Во договорот ќе стои откупна клаузула од 300 милиони евра, што не е чудно, бидејќи Реал и Барса на овој начин се обидуваат да се заштитат од останатите странски богати клубови.
MD