Златната генерацијата на Белгија стигна до бронзата на СП.

by Administrator

Белгија стигна до најголемиот успех во својата историја на Светските фудбалски првенства откако го освои третото место.

„Црвените ѓаволи“ ја совладаа Англија со 2-0 во утешниот натпревар за бронзениот медал. Со еден гол на стартот на натпреварот и еден во финишот, Белгијците и по втор пат ги совладаа Англичаните на овој Мундијал, откако и претходно славеа со 1-0 во групната фаза.

Томас Мение го отвори резултатот во четвртата минута. Англија во вториот дел имаше неколку добри шанси за израмнување пред се преку Ерик Дајер, па откако не реализираше, победата на Белгија ја запечати Еден Азар во 82-та минута.

Утре во големото финале во Москва на „Лужники“ ќе се сретнат Хрватска и Франција.

извор: Telma.

MD

You may also like