Како одговор на израелските воздушни напади, Сирија може да го гаѓа аеродромот во Тел Авив. Ова предупредување го испрати постојаниот претставник на Сириска Арапска Република во Советот за безбедност на Обединетите нации, д-р. Башар Џафари, јавува “Ерусалим пост”. Дипломатот, исто така, ги обвини САД, Британија и Франција ддека ги затворат очите против повторените напади на еврејската држава против неговата земја, објави израелскиот дневен весник.
Како одговор на израелските воздушни напади, Дамаск може да го нападне меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив, се “закани” постојаниот претставник на Сирија во Советот за безбедност на ОН, д-р. Башар Џафари, пишува “Ерусалим пост”.
“Или време е Советот да ги преземе неопходните чекори за да ги спречи повторените израелски напади врз мојата земја, или мора да ги предупредиме подтикнувачите на војната во Советот за безбедност дека ќе го искористиме нашето легално право на самоодбрана и да одговориме на израелските напади на меѓународниот аеродром во Дамаск со напади на аеродромот во Тел Авив “, изјавил високиот сириски дипломат, што представува прва изјава од ваков која за врме на својата служба во Обединетите нации, ја дал Башар Џафари.
Џафари истакна дека Советот за безбедност досега не го осуди Израел да го принуди да прекине со нападите врз Сирија. Покрај тоа, според него, САД, Велика Британија и Франција продолжуваат да ја играат улогата на “лажни сведоци” во меѓународното тело, и на тој начин одобруваат активности за агресија на неговата земја.
Покрај тоа, постојаниот претставник на Сирија во Советот за безбедност и Обединетите нации истакна дека Дамаск ќе продолжи да го брани своето право на Голанските висоравнини и ќе бара повлекување на окупаторските сили. Израел ја презеде оваа сириска територија во 1967 година, за време на шестдневната војна, а потоа еднострано ја анектираше, истакнува израелскиот весник.
Др. Башар Џафари, исто така, предупреди дека неговата земја ќе се спротивстави на сите обиди за “прецртување на границите на регионот”.
“Нашиот народ, кој води , наметната војна против меѓународниот тероризам, исто така, ќе се спротивстават на ваквите планови и нема да им дозволат тие да се остварат”, изјавил високиот сириски дипломат.
Претходно, вооружените сили на еврејската држава објавија дека ги нападнале “целите на иранските сили на Кудс во Сирија, вклучувајќи ги и складиштата за оружје и капацитетите за обука”. Според претставникот на Тел Авив, нападот бил спроведен како одговор на наводното гранатирање на “територијата на Израел”.
Извор: JPost
