Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, зборуваше на конференција во Каиро по повод потпишувањето на инвестиција од една милијарда евра на Европската унија во Египет.
– Денеска Египет и Европа се поблиску од кога било досега, така што двете страни имаат корист од ова партнерство – рече Фон дер Лајен на конференцијата во Каиро чија цел е проширување на европското претприемништво во Египет.
Administrator
СДСМ избира нов лидер: Каков легитимитет ќе има новиот шеф на социјалдемократите по обвинувањата за фалсификат на изборите?
Социјалдемократите бираат нов лидер. Гласачките кутии отворени во 8 часот, а ќе се затворат во 20. Во дел од избирачките места кои ги посети ТВ 24, интересот за гласање минимален. Дел од членовите очекуваат партијата да се врати на нозе.
Изборите во СДСМ се одржуваат под сериозни обвинувања за фалсифифат, за дупли гласачи и починати избирачи во Избирачкиот список. Обвинувања кои дојдоа од Славјанка Петровска која ја повлече кандидатурата.каков легитимитет ќе има новиот лидер кој ќе биде избран во процес со вакви обвинувања.
Кандидатот Венко Филипче, кој во трката според дел од СДСМ влезе како фаворит, со оглед на поддршката и близината со екс лицдерот на СДСМ Зоран Заев, без да одговара на новинарски прашања, откако гласаше во својата општинска организација, порача дека добиле уверување од Изборната комисија дека сомнежите се неосновани.
Неговиот против кандидат пак Александар Бајдевски очекува сериозна истрага во партијата и сериозни одговори, особено на случајот со злоупотребата на партиската база. Бајдевски порача дека приортет треба да биде консолидација на партијата.
Јован Деспотовски пак на гласање се појави симболично во 5 до 12, порача дека очекува голем одзив, но и дека констатирал низа забелешки. Односно дека социјадемократи биле враќани од гласање.
Извор:24мк
Употребен и хеликоптер: Полицијата ловеше маскиран маж на покривот на стадионот среде натпревар на ЕУРО
21-годишниот играч од Оснабрук, град во близина на Дортмунд, се качил на покривот на стадионот за време на осминафиналниот натпревар меѓу Германија и Данска.
Полицијата интервенирала и употребила хеликоптер во акцијата. Човекот одбил да слезе, па поради тоа задоцни почетокот на второто полувреме. Судијата Мајкл Оливер јасно можеше да се види како покажува кон покривот додека разговараше со капитените.
Дури по натпреварот маскираниот маж бил уапсен, речиси еден час откако бил забележан на покривот.
– Полицијата сега уапси маж. Во ниту еден момент немало опасност за другите луѓе. Се уште не можеме да дадеме никакви информации за идентитетот на мажот или за мотивот – соопшти германската полиција.
Најмалку 18 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во бомбашки напад во Нигерија
Најмалку 18 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во бомбашки напад во нигериската североисточна држава Борно, изјави шефот на Државната агенција за управување со вонредни состојби, Баркиндо Саиду, пишува Independent.
Борно е во центарот на 15-годишниот бунт во кој загинаа илјадници и раселени милиони.
Иако нигериската војска ги намали способностите на милитантите, тие продолжуваат да вршат напади врз цивили и безбедносни цели.
Саиду рече дека осомничените бомбаши самоубијци нападнале свадба, погреб и болница одделно, убивајќи и ранувајќи десетици луѓе во градот Гвоза.
Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа. Од новата Влада граѓаните треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата. Агелер вели и дека секогаш постои ризик од влез на корозивен капитал и власта треба да одговори на сите прашања
Новата Влада веќе една недела како ја презеде власта, што треба да очекуваат македонските граѓани, кои треба да бидат приоритетите ?
Демократијата е многу кревка работа, и ја следевме земјата во периодот на кампањата и на изборите кои беа предизвик и за граѓаните и за кандидатите во оваа земја. Резултатите, меѓутоа, беа многу дефинитивни. Изборите беа фер и демократски, сеедно која партија и кого граѓаните подржаа. Да се види овој демократски процес како напредува е позитивно за луѓето во оваа земја. Тие многу јасно кажаа на раководствотo дека сакаат да видат промена. Новата Влада јасно кажа за време на нивната кампањата кои сметаат дека се тие потребни промени. И сега е одговорност, мислам, на секој граѓанин во оваа земја и на сите нас да ги држиме за збор, се види дали се совпаѓаат активностите со изјавите дадени за време на кампањата. Зборуваа за справување со корупцијата, зборуваа за раст на економија, зборуваа за енергија и инфраструктура, за важноста на образованието и здравството за секој граѓанин на оваа земја. И ќе следиме внимателно, знам дека и сите вие ќе следите како овие ветувања ќе се претворат во акции и резултати за граѓаните на Северна Македонија.
Но, во фокусот деновиве е на употребата на уставното име Северна Македонија од страна на новата влада. Премиерот Мицкоски и сите министри го употребија за време на полагањето заклетва. Но Мицкоски беше јасен дека ќе го користи само во официјална комуникација, а не во државата. Дали ова е во согласност со договорот од Преспа?
Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но тоа беше меѓународен договор, со кој тогашната влада и многу во меѓународната заедница се согласија. Ние секако бевме дел од тој процес и ние аплаудиравме. Тоа е нешто што и помогна на Северна Македонија, сега да влезе во НАТО, и доби многу можности за да напредува во Европската Унија. Бевме многу задоволни што новиот премиер и неговите министри кажаа “Северна“ во заклетвата.Тоа е од клучна важност и е фундаментален дел од Договорот. Сега многу внимателно ќе следиме како се почитува. Но како што веќе кажав и кажавме дека со почитување на Договорот од Преспа, што е клучно, и секако има начин, и приоритетот за нас во Скопје, во Американската амбасада и за Вашингтон, е да се премине на многу од тие многу важни приоритети за кои треба да се зборува оваа земја. Чувствувам дека има одредено количество на одвлекување на вниманието и собирање поени од тоа кој и што и кога кажал. Но важно е да се почитуваат меѓународните договори, за кои премиерот кажа дека ќе го стори и да одиме напред и да ги имаме многу важните разговори.
Повеќе на РСЕ
Шпанија не дозволува бродови што носат оружје за Израел да се закотват во нејзините пристаништа, рече министерот за надворешни работи на земјата, во согласност со нејзината посветеност да не „придонесува во војната“.
Медитеранската земја одби да дозволи брод со 27 тони експлозив од Индија до Хаифа да се закотви во пристаништето Картагена, објави Ел Паис.
„Ова е прв пат да го направиме ова, бидејќи првпат откривме брод што носел пратка оружје за Израел што сака да се закотви во шпанско пристаниште“, рече Хозе Мануел Албарес, министер за надворешни работи во Брисел. . четврток
„Ова ќе биде конзистентна политика со секој брод што носи оружје во Израел кој сака да се закотви во шпанските пристаништа. Форин офис систематски ќе одбива такви застанувања од една очигледна причина: на Блискиот Исток не му треба повеќе оружје, му треба повеќе мир. ”

Лигата на арапските држави (ЛАС) повеќе не ја смета шиитската партија Хезболах за терористичка организација, пишува весникот Ал-Ахбар, повикувајќи се на изјавите на помошникот генерален секретар на ЛАС, Хосам Заки, …
… на состанокот во Бејрут со Мохамад Раад, лидер на парламентарната фракција „Лојалност кон отпорот“.
– Лигата одлучи да ја отстрани ознаката терористичка од Хезболах, бидејќи таа партија игра клучна улога во сегашната политика и иднината на Либан – изјави египетскиот дипломат, а пренесува весникот.
Тоа беше прва средба меѓу Заки и Раад од 2016 година, кога, на иницијатива на Саудиска Арабија, Арапската лига ја прогласи шиитската партија како терористичка организација. Хезболах е обвинет за промовирање иранско влијание на Блискиот Исток и за мешање во внатрешните работи на Ирак, Јемен, Либан, Сирија и арапските земји од Персискиот залив.
Говорејќи пред новинарите во Бејрут, египетскиот дипломат истакна дека неговата посета има за цел да ја изрази солидарноста на регионалната заедница со Либан и неговиот народ во име на генералниот секретар на ЛАС, Ахмед Абул Геит.
– Воената ескалација на југ претставува сериозен предизвик за безбедноста и стабилноста, не само во Либан, туку и на целиот Блиски Исток, особено ако конфликтот се прелее – рече Заки.
Дипломатот ја истакна потребата сите страни да се усогласат со резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН „за да се запре ситуацијата“. Според дипломатот, меѓународната заедница „мора да инсистира на ставање крај на војната што беснее во Појасот Газа, што ќе ја запре конфронтацијата во јужен Либан“.
Помошникот генерален секретар на ЛАС ги повика либанските политичари да ги стават националните интереси над личните амбиции и што е можно поскоро да изберат нов претседател, чија позиција е празна во последните 19 месеци, пренесува ТАСС.
Државните институции без доволно вработени за справување со информатички безбедносни инциденти, а само една институција има сертификат за информациска безбедност, откри Ревизијата. Министерот Андоновски најавува воспоставување на минимум стандарди за сајбер безбедност во институциите.
Обвинителството е на потег по објавувањето на ревизорскиот извештај во кој се констатира дека 70 отсто од институциите практично немаат заштита од хакерски напади, вели новиот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Државниот завод за ревизија алармираше дека сајбер безбедноста на државните институции и органи е на ниско ниво. Тоа го утврдила нивната ревизија во 2023 година, испитувајќи ја ефективноста на преземените мерки на надлежните органи за заштита на критичните информациски системи.
Иако за нивна информациска безбедност, Северна Македонија во период од четири години (2020-2023) потрошила над 6,1 милион евра, не вклучувајќи ги инвестициите спроведени преку меѓународни проекти и грантови од институциите.
Ревизијата на ДЗР покажува дека во 20023 сите институции склучиле вкупно 69.504 договори за јавни набавки во вредност од три милијади евра, од кои само за тендери за информациска безбедност се склучени 283 договори со 61 компанија во вредност од 6,130,081 евро во 2023 година.
Повеќе на РСЕ
Најмалку три милиони луѓе во Судан би можеле да умрат од глад поради долготрајниот конфликт меѓу армијата и паравоената група Силите за брза поддршка (РСФ), предупреди во средата Меѓународниот комитет за спасување (ИРЦ), јавува Анадолија.
– Речиси половина од земјата има хуманитарна потреба – изјави директорот на ИВЗ за Судан Еатизас Јусиф.
ИВЗ е глобална невладина организација за хуманитарна помош и развој, а е основана во 1933 година.
Јусиф предупреди дека три милиони луѓе се на работ на глад.
– Ова се само прелиминарни бројки. Неверојатен е бројот на луѓе кои пријавуваат дека полека умираат бидејќи владее хаос во здравствениот систем – рече Јусиф.
Таа истакна дека светот не посветува премногу внимание на африканскиот континент.
– Претпоставувам дека нашата географска локација не е толку важна како Палестина или Сирија, па дури и Украина. Суданската криза беше пред нас и никогаш не го добивме тоа медиумско внимание – рече таа.
Таа нагласи дека не сака да ги споредува кризите во светот бидејќи секоја од нив е доволно тешка и сериозна.
– Но, претпоставувам дека навистина е неопходно Судан да биде во центарот на дипломатските напори и да добие поголемо внимание – додаде таа.
Конфликтот во Судан избувна во април 2023 година меѓу армискиот генерал Абдел Фатах ал-Бурхан и командантот на РСФ Мохамед Хамдан Дагал поради несогласување околу интеграцијата на паравоената група во државната армија.
Според Обединетите нации (ОН), во конфликтот загинаа речиси 16.000 луѓе, милиони се раселени и предизвика вистинска хуманитарна криза во земјата.
Францускиот суд го потврди налогот за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад
Францускиот суд во средата го потврди налогот за апсење на лидерот на сирискиот режим Башар ал Асад, обвинувајќи го за соучесништво во хемискиот напад во Источна Гута во 2013 година, јавува Анадолија.
Апелациониот суд во Париз го отфрли барањето на француското Национално обвинителство за антитероризам (ПНАТ) за укинување на наредбата, која тврди дека Асад има судски имунитет.
– Забраната за употреба на хемиско оружје е дел од меѓународното обичајно право како задолжително правило, а меѓународните злосторства не можат да се сметаат за дел од службените должности на шефот на државата, па налогот за апсење останува во сила – соопшти судот во изјава.
Предметот сега ќе биде вратен кај истражните судии, а обвинителството има рок од пет дена да поднесе жалба до Касациониот суд.
Во ноември 2023 година, беше издаден налог за апсење на Асад, под обвинение за соучество во злосторства против човештвото и воени злосторства поврзани со хемискиот напад во 2013 година.
Налог за апсење е издаден и по братот на Асад, Махер ал Асад, командант на четвртата дивизија на сириската армија и режимски генерал.
На 21 август 2013 година, сириската влада употреби хемиско оружје во Источна Гута, при што загинаа повеќе од 1.400 цивили. Во 2018 година, Источна Гута забележа најтешка блокада од страна на сириската влада и најраспространета употреба на оружје. Опозицијата беше принудена да се евакуира во април 2018 година според договорот со Дамаск и Русија.