Албански и Македонски министри одбиле доаѓање на конференција во Бања Лука

by Administrator

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, одбил да учествува на конференција на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во Бања Лука, чиј домаќин е Игор Црнадак, министер за надворешни работи на БиХ, јави АТА.

Бушати одбил да дојде, бидејќи Косово не доби официјална покана да учествува на собирот.

– Почитувањето на државата Косово и нејзиното активно учество на регионални и меѓународни конференции се уште е највисок приоритет за албанската дипломатија – беше објавено денес.

Портпаролката на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, Едлира Пренди, изјави за АТА дека Бушати преку писмо го информирал на Црндак за својата одлука, изразувајќи жалење поради фактот што поканата за Косово недостасува и дека тој нема да присуствува на конференцијата.

Според агенцијата, Бушати истакнал дека не може да има рационална и корисна дискусија за европскиот пат кон Западен Балкан, без присуство на сите држави и духот на разбирање, почитување и вклучување.

Конференцијата во Бања Лука се одржува под наслов “Западен Балкан и членство во ЕУ: посилна регионална соработка за побрз процес на интеграција во ЕУ”.

Заменик-шефот на дипломатијата на Македонија Бујар Османи, исто така, ја откажал конференцијата од истата причина како и албанскиот министер.

– Претходно го потврдив учеството на оваа конференција, но откако Косово не беше покането, решив да не учествувам “, истакнал тој притоа, додавајќи дека” сметам дека фактот дека Косово не е поканет, нема да и помогне на оваа конференција каде ќе разговара за регионалните прашања “.

Извор:Faktor

You may also like

Leave a Comment