Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавил дека во Давос нема намера да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим.

Според него, ова прашање веќе е решено.

Нетанјаху за АП Светскиот економски форум изјавил дека  сака да постигне “безбедност, просперитет и мир” на состанокот со Трамп.

Белата куќа соопштила дека Трамп ќе се обиде да ја повтори “силната посветеност на САД на Израел и напорите за намалување на влијанието на Иран на Блискиот Исток како и начинот да се постигне траен мир”.

Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп предизвика огромна бура ширум светот,со одлуката да ја премести американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и да го признае градот како главен град на Израел. За време на протестите организирани по одлуката на Трамп, повеќе луѓе беа убиени.

Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here