Безбедносните сили во Етиопија отворија оган врз демонстрантите кои пееле анти-владини песни, изјавила портпаролката на Канцеларијата на Обединетите нации, Равина Шамдасани.
Владата соопшти дека најмалку седум лица загинале во судири за време на верска церемонија, но причината за насилството сеуште е непозната, објави Ројтерс.
Шамдасани изјавила дека ОН се загрижени за насилството во таа земја.
– Полицијата отвори оган врз луѓето што пееле, сакале да ги спречат да пеат против власта – изјавила портпаролката на ОН.
Од владата на Етиопија реагирале, наведувајќи дека секој може “тивко да го подигнува својот глас”.
Извор:faktor








