Додека трае операцијата на турската армија “Маслинова грана” во областа на сирискиот град Африн, припадниците на терористичката организација ПЈД / ПКК погодиле две куќи во Килис, град на југ од Турција, на границата со Сирија.

Турските сили лоцирани во тоа подрачје веднаш реагирале на нападот од страна на терористите.

Абдурахман Јилдирим, сопственик на една од погодените куќи, изјави за АА дека неговиот син бил сам во куќата во тие моменти.

Тој истакнал дека куршумот, испукан од против-воздушни топ, го погодил ѕидот на куќата.

– Некако успеавме да го отстраниме куршумот. Фала му на Бога никој не е повреден – рекол Јилдирим.

На крајот, тој додаде дека се надева оти турските сили успешно ќе ја завршат операцијата во Африн.

Од генералштабот на Турската војска соопштено е дека операцијата “Маслинова гранка” во Африн била покрената во рамките турските права врз основа на меѓународното право и резолуции на Обединетите нации, особено оние поврзани со борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) ve 2178 (2014).

Турција, исто така, се повикува на член 51 од договорот на ОН, односно “правото на самоодбрана”. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија, со цел да се неутрализираат терористичките елементи на ПЈД / ПКК и ИСИС.

Извор:faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here