Во нападите на турската војска на сирискиот град Африн погодени се вкупно 108 цели кои се наоѓаат на позициите на курдските милитанти, соопштено е од страна на турските вооружени сили.
Во соопштението не е прецизирано дали сите погодени мети се наоѓаат на територијата на сириската покраина Африн.
Камерман на Ројтерс на границата на Турција и Сирија пријавил дека забележал како борбени авиони преминуваат на сириската страна и изведуваат воздушни напади.
И понатаму не е познато дали имало жртви при нападите на Турската војска.









