Федералната влада на САД ја прекина работата откако не беше постигнат консензус по прашањето за потрошувачката и законот за имиграција,односно откако демократските сенатори ја блокираа имплементацијата на истите.
Да потсетам, последен пат ваква ситуација се случи во 2013 година, кога работата на американската влада беше суспендирана на вкупно 16 дена. Колку долго ќе остане во овој случај? Ова сега е прашање на нагаѓање. Имено, покрај законот за имиграција, постои и прашање за трошење – мерката за финансирање на американската влада,и сите владини агенции, помина во Долниот дом на Конгресот, но во горниот дом или во Сенатот, иако мнозинството го држат Републиканците, не успеале доволно да ги убедат демократи за поддршка на предложените мерки.
Дали ова ќе одрази и на американската економија? Тоа ќе се случи, особено ако прекинот на работата потрае долго (а ќе потрае се додека не се постигне консензус од некој вид). Имено, штом Владата ќе престане да работи (а престана синоќа точно на полноќ), веднаш со работа престануваат околу 700.000 државни службеници кои спаѓаат во т.н. ” “не-есенцијална” група. Ќе бидат ли платени за овие денови кои не работаат? Во претходните случаи тие беа, но ова не е загарантирано. Во секој случај, ќе има значителен пад во продуктивноста бидејќи околу 700.000 вработени имаат непобаран “одмор”.
Извор:Advance








