Турската артилерија денеска почна со гранатирање на регионот Африн во северозападна Сирија, со што Анкара и официјално ја почна кампањата против курдската милиција во ова подрачје, јавуваат светските агенции.

Курдската команда соопшти дека турските сили истрелале околу 70 гранати на курдските села.

Прекуграничниот напад следи по неколкудневните закани на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ја „скрши“ курдската милиција како одговор на, како што тврди Анкара, зголеменото влијание на Курдите во северна Сирија.

Afrin knot: How the battle for a small Kurdish enclave could be the death knell for US-Turkey ties

Турција ги смета паравоените групи на сириските Курди како продолжена рака на курдските бунтовници кои се борат против Турција и веќе најави дека ќе ја нападне енклавата Африн.

– Операцијата де факто почна со гранатирање на цели преку границата, а сите терористи и нивните мрежи во енклавата ќе бидат елиминирани. Нема друг пат – изјави турскиот министер за одбрана Нуретин Чаникли.

Ројхат Рој, портпарол на курдската милиција во Африн изјавил дека станува збор за најтежок напад на Турција, но дека курдските единици ќе одговорат со сите расположливи сили.

– Засега нема жртви, само материјална штета – додал Рој.

Воената операција на Турција против Курдите се заканува дополнително да ги наруши односите со САД кои ги поддржуваат Сириските демократски сили (СДФ), во кои курдските единици имаат клучна улога. Сириските демократски сили пред неколку месеци ги поразија милитантите на Исламска држава и ги истераа од нивната престолнина во Рака.

Американскиот Стејт департмент ја повика Турција да се фокусира на борбата против Исламска држава и да се воздржи од воени операции во Африн.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here