По неколкудневните подготовки, надлежните турски власти успеаја со крановите да го подигнат и извлечат патнички авион од несреќата во близина на аеродромот во Трабзон, каде што заврши после излетување од пистата на 13 јануари, јави агенцијата Анадолу (АА).

a3

При слетувањето на аеродромот во Трабзон, патничкиот авион на релација од Анкара-Трабзон ја промашил пистата и заврши на карпа на брегот на Црното Море. Во несреќата немаше повредени и сите 162 патници и членови на екипажот биле успешно евакуирани од авионот.

Меѓутоа, пред надлежните турски власти, остана тешка задача на извлекување на голем патнички авион од типот Боинг 737-800, заглавен на средината на стрмните карпи каде што и остана.

Вчера во четири часот наутро, летовите на аеродромот биле прекинати, а властите беа во можност да го извлечат авионот од несреќата со користење на две кранови, со носивост од  500 и 300 тони.

Ресорните спасувачки тимови од вкупно 150 членови предано работеле 11 часа за да го извлечат авионот на сигурно.

Авионот е во моментов е на сигурно, а тимовите почнаа да го евакуираат багажот кој ќе биде доставен до сопствениците во поскоро време.

Остана полесниот дел од работата, авионот да се тргне од аеродромот и да се премести на место за поправки. Акцијата на извлекувањето била проследена од бројни противпожарни бригади, медицински и полициски тимови, а голем број граѓани со часови го следеле настанот.

Трошоците за повлекување на авион од несреќата ќе бидат на товар на осигурителните компании на авиокомпанијата.

a0 a1 a2 a4

Извор:Faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here