Повеќето Грци не сакаат името Македонија да биде искористено за какво било решение за спорот за името со поранешната Југословенска Република Македонија, покажаа анкетите, пренесува Ројтерс.

Спорот за името не е решен речиси три децении и претставува пречка за европската перспектива на Македонија. Двете земји очекуваат напредок во разговорите со медијаторот на ОН закажан за 17 јануари. Грчките претставници покажаа интерес за решавање на спорот и дадоа индикации дека би можеле да се согласат дали на Македонија треба да му се даде географска одредница.

Сепак, истражувањата покажаа дека 68 отсто од Грците не сакаат ова име да се користи воопшто во било која опција. Исто така беа закажани и протести во северна Грција. Атинските власти покажаа дека сакаат да најдат решение кое ќе биде прифатено за целата земја.

Извор:(Vijesti/ФЕНА)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here