И официјално со вчерашното примопредавање на техничката документација 07.01.2018 (недела), од страна на претходната Месна Самоуправа на населба Подгорци, и образложување на сите претходно превземени и идни активности, беа предадени сите должности и техничка документација на новиот состав на Месната Самоуправ Подгорци, а со тоа и прекина четиригодишниот мандат на претходниот состав.
Денес, како што и претходно се договоривме, после собирот на граѓани оддржан во петокот, во кратка средба извршивме примопредавање на техничката документација и се разбира должностите кои треба да се извршуваат во рамките на ова организација, притоа на жителите на населба Подгорци, би сакал да им се заблагодарам, за досегашната подршка, а на новите членови на новоизбраната Месна Самоуправа им посекувам успех во понатамошните активности и грижа за населба Подгорци, – ни изјави накратко поранешниот претседател Мирсад Реџоски.
Како представник од комисијата за избор и менувања од страна на Општина Струга, присутен беше советникот од редовите на ДУИ Мурат Асаноски, кој на самиот почеток од собирот ги образложи законските регулативи, како и начинот за избор нанов состав на Месна Самоуправа.
Потсетуваме дека на ден: 05.01.2018 (петок) оддржан беше собир на граѓани, каде пред присутните жители на населба Подгорци, беа запознати со активностите во изминатите четири години, ( моментална состојба, финансиски извештај и др..) Во текот на собирот една од главните точки на дневниот ред предвидуваше и избор на нов состав на идната месна самоуправа, каде со предлагање на жители кои се во можност да учествуваат во активностите на Месната Самоуправа, избрани беа:
- Реџо Адемоски
- Адем Ајдароски
- Минур Ајдароски
- Мерлин Ајдароски
- Самир Муртезоски
- Нешат Авмедоски
- Амир Османоски
- Ферат Авмедоски
- Алија Беќироски
Во текот на наредните денови, на заедничка средба се очекува новиот состав да го одбере претседателот на Месната самоуправа и членовите на другите раководни органи.
Инаку, колку за потсетување во претходниот состав кој беше со четири годишен мандат како и новата беа:
- Мирсад Реџоски – претседател
- Емрула Реџоски
- Ибрахим Арсланоски
- Идриз Ајрулоски
- Недим Мемишоски
- Ерџан Авмедоски
- Касим Адемоски
- Бехман Мехмедоски











