Ердоган: “Американската правда почнува да го загрижува целиот свет“

by Administrator

“Правдата на американски начин започнува да го загрижува  целиот свет”, рекол турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, критикувајќи ја одлуката на САД да го казни  заменик-директорот на турската банка “Turkiye Halk Bankasi AS”,Мехмет Хакана Атила, кој претходно бил обвинет за кршење на санкциите против Иран.

“Ако тоа е американска правда, тогаш светот мора да се загрижи. Таквиот пристап во правосудството е неприфатлив “, рекол Ердоган.

“После се, Американците мудруваат дека тоа го прават за мирот. Меѓународното право, како и билатералните правни односи, со овој пристап ја губат моќта “, додал турскиот претседател.

Имено, поротата на судот во САД на Мехмет Хакана Атила го обвини за виновен за обид за помагање на Иран и заобиколување на американските санкции. Пресудата против турскиот банкар ќе биде изречена на 11-ти април.

Доаѓајќи од Турција во САД, Мехмет Хакан Атила бил уапсен во март 2017 година. Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека апсењето на Атила во Америка било спроведено по иницијатива на поддржувачите на организацијата на Исламски свештеник Фетулах Ѓулен, чија американска екстрадиција се бара од Анкара.

Претходно, Ердоган, коментирајќи го случајот на турскиот банкар, американсјкото правосудство го нарече  “вистински скандал”. Тој, исто така, изјавил дека САД сакаат “да ја казнат, да ја осудат и дискредитираат Турција”.

Извор:Logicno

You may also like

Leave a Comment