Турскиот претаседател Реџеп Тајип Ердоган изјавил дека билатералните врски и потпишаните договори “губат вредност” после пресудата на еден турски банкар во американскиот суд.
Како што претходно беше отценето од Анкара, во прашање е “скандал” и мешање на САД во внатрешните работи на Турција.
“Потпишаното во нашите билатерални односи и меѓудржавни договори ја губи вредност. Жал ми е што ова морам да го кажам, ама така ќе биде од сега “, рекол Ердоган во Истанбул.
Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно отцени дека одлуката на судот на САД против турскиот банкар Мехмет Хакан Атили била “скандалозна одлука во скандалозен случај”.
Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин, на прес-конференцијата во претседателскиот комплекс во Анкара изјави дека целта на американскиот суд било мешање во внатрешните работи на Турција низ тој процес, објави агенцијата Анадолија.
“Оваа пресуда е скандалозна одлука во скандалозен случај. Покрај тоа, сосема е јасно дека ова е случај на заговор чија цел е комплицирање на турската внатрешна политика и мешање во внатрешните работи на Турција “, рекол Калин.
Вчера, судот во Њујорк го осуди Атила за помогање на Иран со што Иран би можел да ги избегне економските санкции,за учество во заговор за измама на САД и за измами американските банки а го ослободи од обвиненијата за перење пари.
Атила (47), заменик-генерален директор на турската државна Халкбанка, обвинет е за учество во комплексен процес во кој Иран му продавал нафта и гас во замена за злато. Дел од парите од овие трансакции поминале низ финансиски институции во САД без нивно знаење.
Главниот сведок на обвинителството бил турско-иранскиот трговец на злато, Реза Зараб, кој сведочеше дека во 2012 година му платил повеќе од 50 милиони долари мито на тогашниот министер за финансии на Турција и верувал дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган знаел за овие активности.
Извор:cdm








