Авторот на контроверзната книга за Доналд Трамп и Белата куќа изјавил дека американскиот претседател во овој момент има “кредибилитет помал од било кој што некогаш чекорел по Земјата“.
Мајкл Волф, кој повеќе месеци помина во Белата куќа на Трамп додека работел на таа книга и со тоа возвратил на тврдењата на Трамп дека оваа книга е “полна со лаги”, се наведува во извештајот на Би-Би-Си.
Адвокатте на Трамп претходно се обиделе да го сопрат објавувањето на книгата “Оган и гнев: Внатрешноста наБелата куќа на Трамп“.
Волф во емисијата Today на телевизијата Ен-Би-Си рекол дека сите вработени на Трамп “велат дека тој е како дете”.
“Она што тие под тоа го мислат е тоа дека тој има потреба од задоволување на сите негови желби. Сè се врти околу тоа. Тој човек не чита, не слуша. Тој е како топка во флипер, само удира од една на друга страна”, додал Волф.
Тој истакнал дека е “неверојатно” претседател на САД да се обидува да спречи да ја објави неговата книгата, чекор на кој не би се обидел ниту “директор на средна компанија”.
Извор:(Vijesti/ФЕНА)









