После официјалното и свечено поставување на камен темелникот на новата џамија на населба Подгорци, после неколкудневните подготовки, (градежни работи) денес се започна со бетонирање на темелната плоча на овој нов верски објект.

И покрај малку снежното и студено време, бетонирањето  на темелнатѕа плоча започна во предвиденото планирано време, моментално имаме доволен број на наши сограѓани кои влегоа во денешните активности, моментално рабвотите се одвиваат според предвиденото, исто така би сакал да им се заблагодариме и на противпожарните служби на град Струга кои денес најдоа време едно од своите превозни средства за расчистување на снегот да ни го стават на располагање, и на тој начи побрзо го расчистиме снегот кој во текот на вечерта падна во нашава населба.

Исто така, би сакале да им се заблагодариме и на нашите граѓани на Подгорци, особено околу разубавување на оваа наша денешна активност со изработката на познатат алва, која секогаш ја изработуваме кога има вакви или слични активности, а кои треба да се обележат.

Се надеваме дека и во наредните денови времето ќе не послужи за да продолжиме со предвидените активности околу изградбата на овој наш верски објекти, ни изјави еден од главните мајстори при изведување на оваа градба – г-динот Асим Максутоски.

А, ние почитувани, во продолжение ви ја представуваме денешната атмосфера од оваа фаза на изградба на новата џамија на населба Подгорци.

[fancygallery id=”2″ album=”2″]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here