Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги пофалил иранските анти-владини демонстранти и во исто време целосно ги отфрли обвиненијата дека Израел стои зад нив, истакнувајќи дека таквите обвинувања се “смешни”.
Потсетуваме, шест дена во Иран се оддржуваат протести што се најголеми и најтешки од големите анти-владини демонстрации од оние од 2009 година. Протестите првенствено се поттикнати од економски причини, но тие брзо се развија во жестоки протести против иранското раководство. Според најновите информации, најмалку 20 лица загинале.
“Сакам иранскиот народ да успее во својата чесна борба за слобода, иранскиот народ излезе на улиците, бара слобода, бара правда и ги бара основните работи кои им биле одземени со децении”, иранскиот суров режим троши десетици милијарди долари за ширење омраза “, изјавил Нетанјаху .
Извор:Advance








